Македонија

Таравари и официјално веќе не е министер за здравство

Собранието денеска ја констатираше оставката на министерот за здравство Арбен Таравари, што пред неколку дена ја поднесе лидерот на крилото на Алијансата за Албанците. Тој реши да ја напушти владината коалиција откако како лидер на Алијанса за Албанците, најави дека оваа партија на локалните избори да настапи со свои листи за советници. Тоа значеше и […]

Собранието денеска ја констатираше оставката на министерот за здравство Арбен Таравари, што пред неколку дена ја поднесе лидерот на крилото на Алијансата за Албанците.

Тој реши да ја напушти владината коалиција откако како лидер на Алијанса за Албанците, најави дека оваа партија на локалните избори да настапи со свои листи за советници.

Тоа значеше и напуштање на Коалицијата ВРЕДИ.

На денешната седница Собранието ги констатираше и оставките кои ги поднесоа досегашниот заменик-министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Фљакрон Беџети и како и министерката за одбрана Елфет Исмаили од редовите на Алијанса за Албанците кои решија да останат заедно со својот лидер.

Сите тројца беа отсутни на седницата за да го искористат правото да ја образложат оставката.

Заменик-претседателката на парламентот, Весна Бендевска, која заседаваше со седницата, поради тоа ги констатираше оставките на тројцата доскорешни функционери.

И заменик-министерот Беџети ја напушти владата

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top