Македонија

Таравари кажа зошто „пукна тиквата“ со ВРЕДИ и Владата

Лидерот на Алијансата за Албанците и поранешен министер за здравство, Арбен Таравари, вели дека, иако меѓуетничките односи не беа директна причина за напуштање на Коалицијата и на Владата, тие претставуваат една од главните причини што доведоа до оваа одлука. Тој објасни дека нарушувањето на меѓуетничката рамнотежа и непочитувањето на претходните договори за законот за правична […]

Лидерот на Алијансата за Албанците и поранешен министер за здравство, Арбен Таравари, вели дека, иако меѓуетничките односи не беа директна причина за напуштање на Коалицијата и на Владата, тие претставуваат една од главните причини што доведоа до оваа одлука.

Тој објасни дека нарушувањето на меѓуетничката рамнотежа и непочитувањето на претходните договори за законот за правична застапеност се индикатори дека партнерството не функционира.

„Да бидам искрен, ова не е директна причина, но е една од причините – да, ова е вистина. Имавме договор меѓу четирите партии на ВРЕДИ и премиерот за закон подготвен од Алијансата за Албанците, кој би гарантирал правична застапеност за сите заедници. Беше кажано дека ќе биде усвоен во декември, но поминаа месеци и законот никогаш не беше донесен“, нагласи Таравари.

Таравари коментираше и за прашањето за уставните измени и европскиот пат на земјата. Тој изјави дека македонската заедница треба да има ексклузивно право да одлучува за идентитетските прашања, но дека целото општество има интерес Македонија да стане дел од Европската Унија.

„Францускиот предлог беше политички искористен од ВМРО-ДПМНЕза привлекување гласачи, но суштината е договорот меѓу Македонија и ЕУ.
Време е премиерот да најде начин да ги продолжи преговорите, бидејќи земјата е во застој. Интеграцијата е во интерес на сите – Македонците, Албанците и другите заедници“, вели Таравари. Телеграфи

Мицкоски: Таравари е големо разочарување

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова со Бланар: Словачка е против двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ

Словачка со силна поддршка за Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.

Премиерот е за отворање рудник за антимон кај Крива Паланка – „Штука“ и „Иловица“ предмет на судска постапка

Мицкоски истакна дека арбитражниот спор за „Казандол“ завршил во корист на македонската влада и дека украинската компанија, која била концесионер и ја покренала постапката, треба да ги плати трошоците поврзани со арбитражата.

Производството на струја е стабилно, рече министерката Божиновска

Произведената електрична енергија во земјава сега се продава по 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно пониска цена во споредба со периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата, кога цената надминувала 135 евра.

To top