Македонија

Таравари предизборно им ја „продава“ „новата национална визија на АА“ на Албанците!

На три месеци пред локалните избори на Арбен Таравари „ги повикува сите Албанци во С.Македонија, без оглед на партиската или политичката припадност, да се обединат околу заштитата на албанскиот национален идентитет“, оти „тоа било не само политичко прашање, туку и национална должност и одговорност!“

„Лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари го претстави првиот столб на новата политичка платформа на оваа партија – заштитата на албанскиот национален идентитет. Тој ги повика сите Албанци во С.Македонија, без оглед на партиската или политичката припадност, да се обединат околу оваа кауза.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Инфошќип“.

Натаму порталот наведува: „Заштитата на идентитетот не е само политичко прашање – тоа е национална должност и одговорност.“ – нагласи Таравари.

Тој претстави четири конкретни столба на ангажирањето на партијата во овој поглед: „(1) вистинско и бескомпромисно спроведување на албанскиот јазик како службен јазик во сите државни институции и јавната администрација; (2) зачувување на традиционалните албански имиња на населбите, улиците и институциите, како неразделен дел од албанскиот национален идентитет; (3) активна заштита на албанското културно наследство, преку реставрација и зачувување на предмети од историско и културно значење и (4) зајакнување на традиционалните албански семејни и морални вредности како основа на општественото единство и националната стабилност на Албанците.“

„Само преку единство и посветеност можеме да постигнеме вистинска еднаквост и достојна застапеност во С.Македонија.“ – изјави лидерот на АА Таравари. Според него, овие принципи го сочинуваат „темелот на новата национална визија на Алијансата за Албанците“, со цел „градење поправедна и пообединета иднина за Албанците во земјата“. – објави „Инфошќип.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома со затворени прозорци, а со градоначалникот на Центар Герасимовски се забавува на партиски концерти

„Дрската злоупотреба и обид за политизација на секоја трагедија уште еднаш ја потврдува вистината: некој намерно потпалува политички пожари, за да создаде хаос пред избори!“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ.

(Видео): Ова е хибриден напад врз државата, Ангелов се сомнева дека пожарите се подменати

Нема повредени лица во пожарот во Трубарево, не се дозволува негово ширење, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.  Додава дека од перцепцијата на терен се работи за подметнат пожар.

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалците од СДС-ДУИ задушени од народниот пораз, решија да го задушат и Скопје

Откако не им успеа подметнувањето на пожарите ова лето низ селата и градовите во Македонија, сега се одлучија за нов, последен очајнички потег: палење на депониите во Скопје

To top