Македонија

Таравари проговори за „растечкиот македонски национализам“ и „скандалот во Куманово“, но не и за великоалбанскиот национализам на мечот Шкендија-Карабаг

„Противалбанските повици во Куманово беа скандалозен настан! Македонскиот национализам е во пораст и затоа АА ја напушти владата. Српскиот свет длабоко се вмешал во македонските политики.“ – изјави лидерот на едното од крилата во Алијансата за Албанците Арбен Таравари  на 7 август 2025 година во Поградец. Неговата изјава ја пренесе информативниот портал на албански јазик […]

„Противалбанските повици во Куманово беа скандалозен настан! Македонскиот национализам е во пораст и затоа АА ја напушти владата. Српскиот свет длабоко се вмешал во македонските политики.“ – изјави лидерот на едното од крилата во Алијансата за Албанците Арбен Таравари  на 7 август 2025 година во Поградец. Неговата изјава ја пренесе информативниот портал на албански јазик „Алмакос“. Таравари проговори за „растечкиот македонски национализам“, но не се произнесе со ниеден збор за великоалбанскиот национализам, пројавен во тешките провокации од навивачите-„Балисти“  кои  на во „хорски стил“ извикуваа „Велика Албанија“ и „Илирида“ на фудбалскиот натпревар Шкендија-Карабаг во Скопје.

На својот фејсбук-профил Арбен Таравари напиша: „Во Поградец, градот што ги одразува културата, историјата и туристичкиот потенцијал на југоисточна Албанија, се сретнавме со градоначалникот.“. Притоа тој не ја наведе поконкретно причината за неговото заминување во Поградец и за средбата со првиот човек на овој град од другата страна на Охридското езеро.

Во врска со наведената изјава на Таравари „Алмакос“ објави: „Арбен Таравари, претседателот на партијата Алијанса за Албанците, од Поградец коментираше за инцидентот што се случи во Куманово за време на кошаркарскиот натпревар со Романија.’ ‘Тоа беше скандалозен настан. Сакам јавно да им се заблагодарам на Албанија и на Косово за покажаната солидарност. Ова е тренд на пораст на македонскиот национализам во последните месеци. Тоа е и причината зошто Алијансата за Албанците ја напушти владата по три месеци и сега сме во опозиција, подготвувајќи се за локални избори. – посочи Таравари.“

„Според тврдењето на Таравари, ‘неколку дена пред инцидентот на кошаркарскиот натпревар во Куманово премиерот зборуваше во парламентот на навредлив начин кон Албанците и тоа природно се одразува кај граѓаните’. ‘Во извештајот на ЕУ стои дека ‘Српскиот свет’ длабоко интервенирал во Северна Македонија и ова се последиците вклучувањето на ‘Српскиот свет и неговото функционирање во македонските политики.’ – рече Таравари во Поградец, а пренесе споменатиот информативен портал.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Министри заедно со градоначалници ќе го убедуваат УНЕСКО за зачувување на статусот на Охридскиото езеро

На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност.

Протест нека има, но да не се попрачува работа на пратениците, порача спикерот Гаши

Пратениците утре сами да се снајдат како ќе дојдат на работа откако ССМ најави блокада пред законодавниот дом каде ќе ги испратат барањата за раст на платите. Собранискиот спикер Африм Гаши на брифинг со новинарите посочи дека правото на протест е загарантирано, но и дека народните избраници мораат да си ја работат својата работа, исто како и МВР кое е задолжено за безбедноста на сите.

To top