Македонија

Теодосиевски: Дали се Лаен, Калас, Кос и Кошта навистина толку глупави, или го глумат тоа, дека „нѐ чекаат со идентитетот и јазикот во ЕУ“?!

„Госпожата“ фон дер Лајен и нејзиното избрано друштво – па слушнете ги само онаа Калас и Кос, по ѓаволите, сосе Кошта во позадина – можеби навистина „нестрпливо“ нѐ чекаат во таа Европа сосе нашиот идентитет и јазик, ама тој идентитет и особено тој јазик мора да поминат виа Софија. А таму има граница. Или вето, како сакате. – пишува аналитичарот Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „Квака 22“ или: можно ли е да се толку глупи?’, која ја објави „Плус инфо“.

Натаму Теодосиевски изнесува: Сериозно, не можам да разберам дали се навистина толку глупи, дали глумат толку глупави луѓе – а ако навистина толку добро глумат подобро да пристапат во таа професија во некој од националните театри – или нешто трето е проблемот. Зашто, упорно, со години, да верглаш една иста приказна која што нема врска со реалноста, наглава да ја извртуваш тезата за непризнавањето на идентитетот и јазикот и неофашистичката пропаганда на истоичниот сосед да ја префрлаш во канцелариите на еу (малите букви се…) во Брисел…, е веќе очигледен знак или за сериозни ментални проблеми или за нешто петто.

Или пак навистина решиле на дневна основа да ја практикуваат онаа малоумна „мисла“ на еден од нивните бивши коалициски партнери дека во политиката може да се манипулира со толкувањата? Ама тоа е шарлатанска изјава а не нешто што треба да се следи!

Згора, нивниот говор повеќе наликува на пелтечење, на мачење со прости и простопроширени реченици без точка, запирка, сврзник… подмет, прирок, додатоци… Како ли завршувале факултети овие луѓе?

„Госпожата“ фон дер Лајен и нејзиното избрано друштво – па слушнете ги само онаа Калас и Кос, по ѓаволите, сосе Кошта во позадина – можеби навистина „нестрпливо“ нѐ чекаат во таа Европа сосе нашиот идентитет и јазик, ама тој идентитет и особено тој јазик мора да поминат виа Софија. А таму има граница. Или вето, како сакате. Да одеа по нормалната рута, било преку Србија, Унгарија, Австрија… или Србија, Хрватска, Словенија, Германија…, според Гугл мепс, ќе стигнеа со кола за некои 22-23 часа (цирка 2.100 км.). Па дури и пешки ќе беа таму за 19 дена! Толку треба.

И зарем сериозно мислат дека некого ќе прелажат со таа замена на тези, со глумење глупави и малоумни политиканти кои не знаат каде е проблемот? Или – не глумат?

Како и да е, етикетата за предавнички политики – а таа им е влепена не само од власта туку од преку 75% од македонските граѓани – тешко, поправо никако, не се брише со таква (сепак) проѕирна глума. И во тоа не помагаат ни директните прозивки на еу-амбасадорот во земјава, кој не наседнува на такви евтини едночинки. Едновремено, никој посуштински не ја дискредитира оваа и ваква политикантска секта од она што тие самите си го прават, на чело со унервозениот им „лидер“.

А останува нејасен и оној фамозен повик за помош и прашањето: кој воопшто ги овластил во име на државата и граѓаните да бараат таква помош? И на каква помош се мисли? Онаква како она скандалозно видео јавување на Шолц кој ни кажуваше за кого да гласаме? Таква „помош“ може да си бараат сектата и нивниот „лидер“ избран со 9.000 гласови, но само за себе! Или бараат помош како проверена внатрешна продолжена рака односно адвокатска канцеларија на убиствените политики на еу кон Македонија, зашто поинаку не може да се разбере нивното „објаснување“ дека обвинувањата кон нив едновремено се и обвинувања кон еу? Таквите самоидентификации не можат друго да значат! – заклучува Златко Теодосиевски.

(Авторот изнесува во својата колумна погледи, кои немаат никаква поврзаност со редакцијата на „Експрес“, која само ги пренесува).

Најнови вести од: Македонија

Новиот Кривичен законик предвидува затвор до 15 години за злоупотреба на државни пари!

Подготовката на новиот Кривичен законик започна уште во 2019 година. Целосно новиот Кривичен законик, со кој се предвидуваат казни затвор до 15 години за злоупотреба на службената положба и овластување и за злоупотреби при јавните набавки, концесиите и јавно-приватните партнерства, денеска беше ставен на првата од четирите јавни расправи во просториите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Гласовите на Galaxy: Запознајте го лекарот од Мексико, чиј Galaxy Watch му помогна да се грижи за својата мајка, но и за себе

Гласовите на Galaxy (“Voices of Galaxy“) е серијал од вистински приказни што ги става во преден план Samsung Galaxy корисниците кои ја користат својата страст, креативност и решителност, заедно со технологијата, за да остварат позитивно влијание врз сопствените животи, заедниците и светот околу нив.

Мицкоски: Албанија и Црна Гора не се пред нас, нивниот пат кон ЕУ личи на автобус, што се ниша! Македонија предводи во реформите!

Премиерот Христијан Мицкоски очекува на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел да биде потврдена европската перспектива на регионот и најавите дека неговата интеграција во Европската Унија може наскоро да стане реалност. Тој оценува дека Македонија е меѓу најуспешните во спроведувањето на реформите во рамки на Реформската агенда и дека земјата е „фронт-ранер“ во исполнувањето на обврските на патот кон ЕУ.

„Курир“: Уништени бугарските противмакедонски прикаски, режирани од ДАНС, дека „Бугарите“ Петрески и Николски биле „тепани оти имале бугарска самосвест“!

„Дали по неуспешната пародија и срам со Ива Михаилова, бугарските медиуми, теледиригирани од тајната бугарска служба ДАНС, влегоа во нова офанзива со вистински напад врз сетилата на сопствените граѓани, бедно обидувајќи се на секоја физичка пресметка во Македонија да ѝ накалемат бугарски предзнак?“ – пишува порталот во својата статија со наслов „ Во еден ‘Колегиум’ уништени две бугарски противмакедонски прикаски: Пропадна обидот Петрески и Николски да се претстават како „тепани Бугари“!“

Мицкоски: Со два посебни закона до поевтини домови за младите брачни двојки!

Најверојатно ќе одиме со два специјални закони во Парламентот кои што веќе се работат. Министерството за транспорт и мојот кабинет ги работат законите. Првиот закон, во кој што брачните парови до 35 години ќе се стекнат со право да добијат станбен простор кој ќе биде по цена од 20 % пониска од онаа просечната, пазарската, во таа катастарска општина, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Вонвременскиот поетски проглас на Рацин до Македонците од 1939 да се борат да им осамнат „Македонските мугри“, а не „Бугарските мугри со европски сјај“! (1)

 Во својата монументална стихозборка“ „Бели Мугри“, испечатена на денешен ден, на 25 ноември 1939 година во гратчето Самобор, близу Загреб, во Хрватска, Кочо Рацин ја испеа македонската мака, на македонските аргати и тутунари. Пред Европа и светот тој ја објави таа македонска мака, но и ги потврди високите книжевни и уметнички вредности на јазикот на македонскиот народ. Дваесет и петти ноември 1939 година не е само датум од историјата на македонската книжевност. Тоа е датум со длабоко национално, јазично, културно и политичко значење. Овој волшебник на македонската поетска реч и национален мислител од највисок ранг ја објавува својата стихозбирка со значење многу поголемо од книжевноста и во време кога  македонската национална индивидуалност била оспорувана, потиснувана и негирана од различните националистички и државни политики од Балканот.

Најнови вести

To top