Македонија

Тестирање на камерите на „Безбеден град“ уште некој ден – наскоро ќе фрчат казни за прекршителите

Од сега до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на уредите поставени за надзор на сообраќајот во рамки на проектот „Безбеден град. Од МВР информираат дека тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 08:00 до 20:00 часот, при што за време на овие активности нема да биде дозволено поминување на возила додека не заврши постапката.

Од сега, па се до 31 јануари ќе се калибрираат камерите од системот „Безбеден град“, Министерството за внатрешни работи не наведува дали ќе има распоред за тоа на кои улици кога ќе се работи, но нагласуваат дека процесот ќе трае од 15 до 30 минути. Од МВР информираат дека законот предвидува мали толеранции на брзината за возачите. За брзини до 100 км/ч дозволена е толеранција од 6 км/ч без глоба, додека за брзина над 100 км/ч толеранцијата е 8 км/ч.

  • „Се вршат проверки на сообраќајните камери за да се осигури дека тие функционираат правилно и точно ги евидентираат сообраќајните прекршоци. Се вршат проверки за да се види дали камерата снима јасно, дали правилно ги чита регистарските таблички на возилата и дали податоците што ги евидентира се точни и безбедни. Активностите се очекува да се одвиваат во периодот од 20.01 (вторник) до 31.01 (сабота), во времето од 08:00 до 20:00 часот. Првата недела од активностите се очекува да се спроведе на локации во градот Скопјe. На секоја точка каде што е инсталирана камерата, проверката ќе се врши еднаш и ќе трае кратко (15-30 минути). Проверките ги врши Бирото за метрологија“, изјави Гоце Андреески, портпарол на Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата соопштија и дека граѓаните ќе имаат можност да ги платат казните и онлајн, како и во најблиските полициски станици. Казните ќе бидат преполовени доколку се платат во рок од 8 дена. По истекот на овој рок, тие мора да се платат во целосен износ, во спротивно ќе бидат испратени на суд. Тој исто така нагласи дека казните ќе бидат достапни и на албански јазик.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top