Македонија

„ТИТАН Усје“: Нула нето емисии на јаглерод до 2050 година

Групацијата Титан во светски рамки има преку 6 000 вработени, а Титан Усје брои повеќе од 500 директни и индиректни вработувања и дополнително, соработува со над 3 000 добавувачи.

Нула нето емисии на јаглерод до 2050 година, е целта на ТИТАН Усје, рече главниот извршен директор Константинос Николау на средбата со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески. Компанијата, како што напомена Николау, придонесува со преку 50 милиони евра во македонската економија.

  • Безбедноста и здравјето за нас се приоритет и клучна определба. Уделот на јаглерод во нашите производи е сведен на минимум. Тоа е одраз на нашата грижа за животната средина, истакна директорот.

Групацијата Титан во светски рамки има преку 6 000 вработени, а Титан Усје брои повеќе од 500 директни и индиректни вработувања и дополнително, соработува со над 3 000 добавувачи.

  • Во последните шест години Титан Усје инвестираше 36 милиони евра од кои 4,5 милиони за подобрување на оперативното работење и еколошките стандарди. Секоја година реализираме по 6 – 9 милиони евра инвестиции. Следните три години планираме вложувања од 30 милиони евра, подвлече Николау, додавајќи дека повеќе од 70 години Титан Усје е дел од заедницата и има А интегрирана дозвола.

Според него, во Титан Усје се применуваат најдобрите индустриски практики. Азески рече дека ја остварува посетата во сензитивен период, кога компанијата, како што рече, е нападната од јавноста. Тој повика на дијалог и во овој контекст понуди поддршка од Комората.

  • Треба да докажеме дека имаме капацитет за опстанок, за контролирање на ситуациите и за интеграција. Мислам дека тој испит ќе го положиме зашто враќање назад нема. Мора да се разговара за да се надминат проблемите. Тоа е единствениот начин. Придонесот на оваа компанија во државата е голем, Групацијата се шири, што потврдува дека е силна и дека работи согласно законите, потенцира Азески.

Тој оцени дека овој случај конечно го отвори клучното прашање – заштитата на животните средина и развојот на индустријата.

  • Дојдов тука кога наша членка е нападната од јавноста. Не бегам од тоа, дојдов да изразам поддршка на менаџментот. Треба да имаме вин-вин ситуација, државата да овозможи компаниите да остваруваат профит, во условите на максимално заштитена животна средина. Големи мултинационални компании се тука, а тоа значи дека ја гарантираат стабилноста на државата и на системот.

Ќе ја прифатиме инцијативата на Усје за организирање конференција за ова прашање за трасирање на патот на напредокот.

Најнови вести од: Македонија

На Денот на македонската револуционерна борба порака од Кос: Направете ги уставните измени, исполнете ја вашата обврска!

Уставните измени се чекорот што треба да го направи земјава за да продолжи евроинтегративниот процес без дополнителни политички одлуки, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос по денешната тет-а-тет средба во Брисел со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали.

СВР Тетово: Се преземаат мерки за спречување меѓуетничка нетрпеливост кај младите

Секторот за внатрешни работи Тетово ја информира јавноста во врска со видео материјалите кои се споделени во дел од социјалните мрежи, а се однесуваат на синоќешниот инцидент во кој беа вмешани неколку малолетни лица, дека синоќа тие малолетници се обиделе да проверат кај две 11-годишни деца дали нивната облека содржи обележја на навивачка група, при што изреагирале случајни минувачи и не дошло до физички контакт.

Мицкоски: Над 1200 градилишта низ РМ, вложуваме во автопати, железница, образование и инфраструктура! – Јавните функционери да ја оправдаат дадената обврска!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата во изминатите две години работи на реализација на голем број инфраструктурни и развојни проекти, посочувајќи дека низ државата има повеќе од 1.200 активни градилишта и проекти.

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Муцунски: Наша обврска е да градиме силна и меѓународно почитувана држава, чувајќи ги идеалите со достоинство

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски: Свои на своето и со крената глава! – Со корен во минатото и со верба во иднината, ќе успееме!

„На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата, за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната свечена академија, која се одржа под мотото „Свои на своето!“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Најнови вести

To top