Македонија

Тивок бунт на медицинските студенти на УГД, за 7 недели имале само едно предавање на важен предмет

Родители на студенти најавуваат дека ќе бараат состојбата да ја проверуваат Државните инспекторати за високо образование но се плашат дека ако инспекторите дојдат а проблемот не се реши може да им пропадне студирањето на децата

Тивок бунт на медицинските студенти на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

Родители на студенти кои инсистираат на анонимност тврдат дека за 7 недели од почетокот на студиската година децата имале само едно предавање на важниот предмет Инфектологија.

Студенти потврдуваат дека предавања по предметот Инфективни болести 1 нема ни на македонската ниту на неанглиската приватна програма.

Досега, од први Октомври кога почна студентската година само едно воведно предавање со општи податоци одржала предавач која работи на приватна клиника во Скопје.

Дополнителен проблем е што оваа наставничка е насловен доцент и како таква по закон може да држи половина предмет, односно може да дели предмет со уште некој професор но не може сама да предава или  држи неколку предмети.

На воведното предавање професорката на студентите им најавила дека проблемот ќе се реши со професори од медицинскиот фалултет од Ниш кои ке доаѓаат и ќе продолжат со предавањата.

 

Извори од УГД кои не сакаат да се замерат со управата на унивеезитетот тврдат дака со професор од Ниш имаат лошо искуство по предметот Нуклеарна медицина кој доаѓа само еднаш во семестар што е надвор од законот и катастрофално за студентите.

Изворите од УГД предупреуваат дека и на останатите програми како Дентална медицина и Лаборанти има проблем но не можат да кажат дали таму воопшто имало некое предавање.

Според групата која студентите ја користат на една социјална мрежа многумина прашуваат зошто нема предавање и кога тоа ќе се реши,  затоа што иако дел од нив се запишани само за диплома огромен број сакат да добијат и знаење.

Студентите сега се збунети и за материјалот од кој што сега треба да учат.

Не знаат дали за испитот Инфективни болести 2 треба да учат од ланската програма или новиот професор ке им бара нешто друго од програмата на Нишкиот универзитет.

 

Голем дел од студентите се плашат затоа што не го знаат српскиот јазик и нејасно е како ќе се разберат со професори кои не знаат македонски јазик на работно ниво.

Според списоците најмалку 150 студенти треба да го полагаат овој предмет.

Според најавата за следната сабота е најавено двајца професори од Ниш да им предаваат што според професори од Штип ако се случи ќе биде страшна капитулација на УГД и македонското високо образование.

Тие не смеат да предаваат на српски јазик што би било срамно и за Медицинскиот факултет и за целиот УГД Штип.

Родители на студенти најавуваат дека ќе бараат состојбата да ја проверуваат Државните инспекторати за високо образование но се плашат дека ако инспекторите дојдат а проблемот не се реши може да им пропадне студирањето на децата поради можно  затворање на факултетот кој работи 15 години а досега не оформил наставен кадар за сите предмети.

УГД и тамошниот медицински факултет засега молчат за проблемот.

 

Најнови вести од: Македонија

Цветановски: Изјавите на Лејла Кадриу за случувањата во СЈО не се изненадување за правосудната фела

„Можеби за дел од јавноста изјавите на колешката Кадриу беа изненадување, но сигурен сум дека за правосудната фела, особено моите колеги обвинители, не. Кадриу само го потврди тоа што потајно се шпекулираше за случувањата зад затворени врати во СЈО. Сега тоа не се шпекулации, туку потврдување од сведок кој лично ги увидел состојбите“, вели обвинителот Јово Цветановски во интервју за „Република“ .

ВМРО ДПМНЕ: Не Стојановска, туку Трендафилов да одговара за злоупотреба на службено возило за приватни цели!

„Наместо да се сокрие од срамот пред македонскиот работник, претседателот на Сојузот на синдикатите Слободан Трендафилов одбра со невидена дрскост, паника и нервоза да ја напаѓа пратеничката Дафина Стојаноска, глумејќи жртва за да го прикрие сопствениот скандал. Додека лицемерно ги повикуваше пратениците да одат пешки, ‘синдикалецот’ Трендафилов истиот ден се појави на протест со службено возило, а јавноста веќе виде како тоа исто возило се користи за семејни потреби како да е негова приватна сопственост.“ – реагира пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Украл бакарни кабли вредни 200 илјади евра од градилиштето за подземниот булевар во Скопје!

Вработен во обезбедувањето на подземниот булевар во изградба кај комплексот Дајамонд во центарот на Скопје заврши со лисици на рацете. Полицијата го товари дека за еден месец украл околу два километра бакарни кабли од градилиштето за подземниот булевар. Според информацијата на МВР вредноста на украдените бакарни кабли изнесува околу 200 илјди евра.

ВМРО-ДПМНЕ предлага уште пет години рок за легализација на бесправно изградените објекти

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, за да не останат граѓаните со нерешени статуси за своите домови, поради административни пречки, или бавни процедури.

Нови противпожарни возила за „Јасен“

Специјализирани возила и опрема, вклучително противпожарно возило со голем капацитет за вода, две теренски возила со интегрирани пумпи, возило за интервенции во мала инфраструктура за заштита од пожари (багер со лопата), оптички систем за надзор со долг дострел како и опрема за мали инфраструктурни интервенции

Мафија на лажни просјаци „оперира“ околу Клиничкиот центар во Скопје, предупредува доктор Лазаров

Доктор Ненад Лазаров јавно алармира дека во околината на клиничките установи во Скопје дејствува добро организирана група лица кои се претставуваат како просјаци и лица со инвалидитет, а според него всушност се работи за професионална мрежа што секојдневно прибира значителни суми пари од граѓаните.

Најнови вести

To top