Македонија

Тошковски до младите: „Животот нема рестарт – оружјето не е игра“

Национална кампања против злоупотреба на мало и лесно оружје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје се обрати на официјалното започнување на кампањата за подигнување на јавната свест за ризиците од злоупотреба на мало и лесно оружје, наменета пред сè за младата популација.

Кампањата е дел од проектот „Поддршка на националните власти на Македонија во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје“, кој се реализира со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и меѓународни партнери.

Во своето обраќање, министерот Тошковски нагласи дека младите се најголемото богатство на општеството и дека токму преку вакви активности се гради свеста за одговорно однесување и безбедност.

„Оваа кампања е порака до младите дека животот не е игра и дека секоја постапка носи последици. Токму затоа ја испраќаме јасната порака – ‘Животот нема рестарт. Оружјето не е игра!’. Доволен е еден момент на невнимание за да се предизвикаат последици што траат цел живот, не само за поединецот, туку и за неговото семејство и заедницата“, истакна министерот Тошковски.

Тој потенцираше дека превенцијата е клучна и дека справувањето со злоупотребата на оружје и насилството кај младите е заедничка одговорност на сите – институциите, училиштата, родителите и локалните заедници.

Кампањата ќе се реализира во повеќе градови низ државата, преку посети на училишта и интерактивни активности, со цел директна комуникација со младите и подигнување на нивната свест за ризиците.

Во рамки на настанот беа одржани презентации за законските одредби, беа споделени студии на случај и едукативни материјали, а учениците имаа можност да учествуваат и во интерактивен дигитален квиз. На крајот беше реализирана и показна вежба на Единицата за службени кучиња.

Министерството за внатрешни работи останува цврсто посветено на превенцијата и заштитата на младите, преку континуирана соработка со сите релевантни чинители во општеството, со цел градење побезбедна и посигурна иднина.

toskovski-do-mladite-zivotot-nema-restart-oruzjeto-ne-e-igra-nacionalna-kampanja-protiv-zloupotreba-na-malo-i-lesno-oruzje-image-HAFJ.jpg
toskovski-do-mladite-zivotot-nema-restart-oruzjeto-ne-e-igra-nacionalna-kampanja-protiv-zloupotreba-na-malo-i-lesno-oruzje-image-mWvN.jpg
toskovski-do-mladite-zivotot-nema-restart-oruzjeto-ne-e-igra-nacionalna-kampanja-protiv-zloupotreba-na-malo-i-lesno-oruzje-image-HHGH.jpg
toskovski-do-mladite-zivotot-nema-restart-oruzjeto-ne-e-igra-nacionalna-kampanja-protiv-zloupotreba-na-malo-i-lesno-oruzje-image-b8rE.jpg
toskovski-do-mladite-zivotot-nema-restart-oruzjeto-ne-e-igra-nacionalna-kampanja-protiv-zloupotreba-na-malo-i-lesno-oruzje-image-fwRp.jpg
toskovski-do-mladite-zivotot-nema-restart-oruzjeto-ne-e-igra-nacionalna-kampanja-protiv-zloupotreba-na-malo-i-lesno-oruzje-image-KfCz.jpg

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

Секоја генерација треба да знае за хероите кои го дадоа животот за Македонија, рече министерот за одбрана

Покровител на турнирот е Министерството за внатрешни работи, а тој се организира во соработка со Министерството за одбрана, Бирото за јавна безбедност и здруженијата на загинатите бранители.

Кекеновски: Наместо „решителен чекор“ Урсула Лаен повторува „сменете устав“ и „разговарајте со Софија“!

Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен на Скопје требаше да биде повеќе од уште една протоколарна станица на нејзината балканска турнеја. Барем такви беа очекувањата што претходно беа создадени во јавноста. Нејзината посета не даде доволно јасен одговор. Лаен само повтори дека е потребен клучниот чекор поврзан со уставните измени.“ – нагласува универзитетскиот професор Јове Кекеновски во својата колумна со наслов „Фон дер Лаен: наместо „решителен чекор“ – „разговарајте со Софија“ .

To top