Македонија

Тошковски предупредува: Сајбер војна и дезинформации – новиот фронт на безбедноста

Во клучен момент од македонската историја, кога безбедносните предизвици се преплетуваат со нови, сложени опасности како сајбер војувања, злоупотреба на технологија, традиционален екстремизам и дезинформации, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски повика на агилност, иновации и посилна меѓународна соработка.

facebook.com/PancheToshkovski

Во клучен момент од македонската историја, кога безбедносните предизвици се преплетуваат со нови, сложени опасности како сајбер војувања, злоупотреба на технологија, традиционален екстремизам и дезинформации, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски повика на агилност, иновации и посилна меѓународна соработка. Ова го истакна на отворањето на регионалната конференција на европскиот огранок од Асоцијацијата на Националната академија на Сојузното биро за истраги (ФБИ), што започна денеска во Скопје и ќе трае до 24 септември.

„Денес сме сведоци на појава на сајбер закани и сајбер војувања, злоупотреба на технологија, традиционален екстремизам и претворање на дезинформациите во оружје што ја менува природата на безбедносната средина што ја работиме. Оваа реалност не бара од нас само будност и реактивност, туку визија и подготвеност да ги преиспитаме старите модели, да прифатиме иновации и да создадеме подлабока и поквалитетна меѓународна соработка“, рече Тошковски.

Тој нагласи дека од професионалците во безбедносниот сектор се очекува да бидат „агилни и ексклузивни“, да размислуваат однапред и да градат политики што ќе одговараат на денешните, но и на идните закани. „Истовремено не смееме да заборавиме дека колку и да се развива технологијата, нашите основни вредности мора да останат цврсти и недопрени. Како полицајци и професионалци во областа на безбедноста, сите ние имаме заедничка мисија да му служиме на народот и да ја штитиме државата“, додаде министерот.

Конференцијата, организирана од Асоцијацијата на Националната академија на ФБИ (FBINAA), е можност за размена на искуства, идеи и обновување на посветеноста кон заеднички вредности како заштита на граѓаните, јакнење на владеењето на правото и градење доверба во институциите. Настанот се одржува во контекст на глобални предизвици, каде традиционалните закани како организиран криминал, трговија со дрога и корупција се комбинираат со дигитални ризици.

На отворањето зборуваше и Вилијам Габон, претседател на Асоцијацијата на Националната академија на ФБИ, кој го пофали Скопје како „историски град на крстосница, каде историјата шепоти од неговите камења, а иднината зависи од оние што се посветени на правдата, соработката и, најважно, пријателството“. Овој собир, рече тој, е посветен на поврзување на професионалци од Европа и светот кои размислуваат слично.

Конференцијата ќе се одвива до 24 септември во Скопје, со учество на стотици експерти од безбедносниот сектор, и ќе се фокусира на стратегии за справување со хибридните закани во ерата на брзи технолошки промени. Ова е првпат европскиот огранок на FBINAA да ја одржи годишната конференција во Македонија, што ја истакнува улогата на земјава во регионалната соработка.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/1869364767336720/

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top