Македонија

Тошковски: Само 500 прекршоци на стартот на „Безбеден град“ (ВИДЕО)

Тој им честиташе на граѓаните: „Вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката од 120 илјади пред околу 2 месеци, на 500 денеска во првиот ден од официјалното стартување на системот“

Во првиот ден од имплементација на системот „Сејф Сити“, се регистрирани 500 прекршоци, што е драстично намалување на бројката од пред неколку недели, истакна вчера министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Први февруари некаде околу 20 часот, драстично намалување на бројката на прекршоци. Имаме околу 500 кои се регистрирани од страна на паметните камери, и да укажам благодарност до граѓаните. Вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката од 120 илјади пред околу 2 месеци, на 500 денеска во првиот ден од официјалното стартување на системот, вие сте тие кои ги намаливте бројот на повредени лица од сообраќајки, и бројот на смртни случаи.

Ви честитам на сето ова. Со имплементирање на овој проект, во првите часови покажуваме дека сме можеле европските вредности да ги имплементираме во Македонија. Во иднина со вакво однесување, сигурен сум ќе покажеме навистина ги имплементираме оние европски вредности кои ги заслужуваат македонските граѓани“, рече Тошковски.

Министерот за внатрешни работи уште еднаш посочи дека со имплементирањето на овој проект и неговото официјално пуштање во употреба, за неколку часа покажуваме дека сме можеле европските вредности да ги имплементираме во Македонија и сме можеле да покажеме еден поинаков пристап, за разлика од претходно.

Тој уште еднаш изрази уверување дека во иднина, со вакво однесување и со ваков начин на однос кон својата држава, ќе покажеме дека навистина ги имплементираме оние европски вредности коишто ги заслужуваат македонските граѓани.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top