Македонија Бизнис

Трајановски: Црните точки на патиштата ќе добијат нова сигнализација

Во моментот се работи на три делници од договорот со „Бехтел и Енка“, а тоа е Прилеп-Битола, Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани. Пуштен еден дел од делницата од автпатот Кичево-Охрид што го гради кинеската компанија Синохидро.

Директорот на Државни патишта Коце Трајановски изјави дека ги детектираат црните точки по патиштата и оти се во координација со МВР за нивно подобро означување. Апелираше и до граѓаните да внимаваат на сообраќајната сигнализација на патиштата. За експресниот пат Градско-Прилеп каде за неколку месеци од пуштањето во употреба има пет жртви, Трајановски рече дека ќе има нова подобрена сообраќајна сигнализација.

  • Тоа е еден од новите патишта што ги пуштивме во текот на изминатава година, сето тоа е направено според законски важечки прописи. Но, со оглед на тоа дека имаше повеќе жртви на овој пат, ние веќе направивме проект и тој е даден во Министерството за транспорт. Очекуваме за многу краток период да биде одобрен од Министерството по што ќе пристапиме кон поставување нова сообраќајна сигнализација за којашто сметаме дека ќе ги намали сообраќајните несреќи со што ќе се намалат шансите за евентуални жртви, рече Трајановски во гостувањето на „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.

Во однос на лошата состојба на скопската обиколница, Трајановски рече дека наредната година се планира нејзина поголема реконструкција.

  • Гледаме да ги детектираме сите овие критични точки, и најнапред на нив да реагираме. Кај клучката Хиподром имаше лоша состојба на патот – тоа веќе го решивме, кај хотелот „Белви“ ја решивме, а за обиколницата, којашто е приоритет, правиме проект согласно кој би требало да се направи една малку поголема реконструкција и за тоа правиме проекти. Сметаме дека таму треба да го решиме со кредити. И за тријаголникот Миладиновци-Петровец-Хиподром сме во преговори со Светска банка и други банки. Се надеваме дека следна година ќе почнеме со нивна реконструкција, рече Трајановски.

Посочи и дека во земјава се прават нови патишта, додека старите не е одржуваат, додавајќи дека мора да се одвојуваат повеќе средства од буџетот на ЈПДП и од Владата за одржување на постојните патни правци.

За состојбата на сообраќајните знаци на патиштата и дека има населени места коишто воопшто не се одбележани, рече дека се работи на тој проблем и оти се надева дека следната година ќе се реши.

Прашан за работата на автопатите, Трајановски рече дека во моментот се работи на три делници од договорот со „Бехтел и Енка“, а тоа е Прилеп-Битола, Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани. Потсети дека е пуштен еден дел од делницата од автпатот Кичево-Охрид што го гради кинеската компанија Синохидро и најави дека многу скоро ќе биде пуштен и вториот дел до Охрид.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Владата го предложи судијата во Кривичниот суд Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

Владата денеска го предложи судијата од Кривичен суд, Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Предлогот на Владата треба да биде изгласан од Собранието. За изборот на државниот обвинител се потребни 61 глас. Портпаролката на Владата Марија Митева на денешната прес-конференција истакна дека Владата се раководела од принципите на професионалност, интегритет, стручност и доследна посветеност на владеењето на правото. -Ненад Савески е судија во Кривичниот суд и во текот на својата професионална кариера има изградено репутација на правник со долгогодишно искуство, препознатлив по својата стручност, професионален интегритет и посветеност на принципите на законитост и правда, рече Митева.

Наставник (52) од Средното уметничко училиште во Скопје барал од 18-годишна ученичка да имаат сексуални односи – Полицијата го уапси!

СВР Скопје објави дека е уапсен наставник од средно училиште во Скопје поради вознемирување на 18-годишна ученичка од која барал да имаат сексуални односи. Станува збор за наставник од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, кого ученички го пријавиле кај директорот. Потоа бил суспендиран и била поднесена пријава против него во полиција.

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, без бариери и со неограничен интернет

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, првпат на пазарот, без бариери во поврзувањето и со вредни дополнителни услуги, што ќе овозможи многу повеќе слобода и сигурност во секојдневната комуникација.

Стојкоски: На повеќе од 30 бензински пумпи имало прекин во точењето гориво, но продолжија, по дополна на резервоарите

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски денес информираше дека над 300 инспекциски контроли се извршени на бензинските пумпи во државата за да се провери дали се точело гориво под пазарни принципи по одлуката за зголемување на цените од полноќ.

Мицкоски: Имаме најевтини горива во регионот и доволни количини

Премиерот за утре најави средба со дистрибутерите и ќе побара од нив да не го користат притисокот на цената на горивото за да се зголемат веднаш  цените на прехранбените производи и притисокот да се префрли врз потрошувачката кошничка на граѓаните

Најнови вести

To top