Македонија

Транспаренси Интернешнл: Каде Македонија греши а каде прави напредок во корупцијата и политичкиот интегритет

Три добри и три лоши вести за Македонија

Според организацијата која се занимава со битката против корупција Транспаренси Интернешнл Македонија има по три теми  каде греши а каде прави напредок во остварување на политичкиот интегритет.

Во рамките на проектот: „Integrity Watch во Западен Балкан и Турција: Граѓанското општество се бори против корупцијата со податоци за политички интегритет“ е развиен извештајот: Проценка на правилата за политички интегритет во  Македонија.

Во рамките на извештајот е анализирана достапноста до отворени податоци кои го обезбедуваат политичкиот интегритет.

Системите што овозможуваат отворени податоци се важни за проценка на можните ризици од корупција и судир на интереси. Ова може да придонесе за подобрување на прописите за политички интегритет и подобар пристап до податоци за сите релевантни засегнати страни, што ќе помогне во одговорноста на владите, се вели во извештајот.

Истражувањето содржи наоди за декларираните средства, судирот на интереси, пристапот до податоци поврзани со политичко финансирање и доделување договори за јавни набавки и истражување на минерални добра. Истражувањето ги проценува силните и слабите страни, достапноста на податоците и препораките за подобрувања.

Методологијата за оваа проценка се базира на рамката Integrity Watch развиена од Секретаријатот на Транспарентност Интернешнл (TI-S). Дизајниран е за евалуација на прописите за политички интегритет во одбрани земји, со посебен фокус на изјавите за имот и интереси, политичкото финансирање и јавните договори и лиценцирање.

Целта е да се идентификуваат регулаторните празнини, да се процени ефективноста на постојните рамки и да се дадат практични препораки за подобрување на транспарентноста и одговорноста.

 

Извештајот се фокусира на три клучни области:

• Изјави за имотна состојба и интереси

• Транспарентност на политичкото финансирање

• Спречување на фаворизирање во јавните набавки и лиценцирање

 

Каде се случува напредок:

Поставени се силни законски рамки

Надзорните институции усвојуваат дигитални алатки

Граѓанското општество активно ги обликува реформските напори

Каде сè уште е потребна акција:

Јавен пристап до податоци за корисниот сопственик

Модерна платформа за отворени податоци за политичко финансирање

Посилен капацитет и овластување за надзорните тела

„Посветеноста без акција е само зборови. Вистинскиот интегритет се гради врз отворени податоци, силни закони и колективна одговорност“, вели Марија Сунчевска, авторка на проценката.

 

Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија и регионалниот проект SMART Balkans – Граѓанско општество за заедничко општество во Западен Балкан, кој го спроведуваат Центарот за промоција на граѓанското општество (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центарот за истражување и креирање политики (CRPM) од Македонија и Институтот за демократија и медијација (IDM) од Албанија, а е финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Извештајот може да се види на следниот линк:

https://transparency.mk/wp-content/uploads/2025/04/political_integrity_rules_assesment_in_north_macedonia_eng.pdf

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

Најнови вести

To top