Македонија

Три часа „дремење“ на граница за влез во Грција

Почетокот на летниот распуст го создаде првиот голем бран туристи и притисокот врз граничните премини со јужниот сосед

Првиот голем бран туристи по завршувањето на учебната година и почетокот на летниот распуст ги зафати премините на македонско-грчката граница, при што за влез кај јужниот сосед се чека и до три часа на „Евзони“, но и на „Дојрани“.

Сложените процедури што ги наметна системот ЕЕС за влез во Европската Унија на граѓани од земји што не се членки, како и напливот на (пре)полни возила со желни за разладување на море вршат голем притисок врз службениците на граничните премини, па колоните се чинат дека се во недоглед.

„Денеска на Евзони чекавме три часа, од 11 до 14 ч“, вели Ивица Момчиловиќ на српската група „Грчка.инфо“ на Инстаграм.

„Внимание за сите што се упатуваат кон Грција денес. Сабота наутро, а сезоната се чини дека е во полн ек. На влезот преку Дојран, колоната е долга над еден километар, чекањето е повеќе од час и половина, но граничните служби навистина работат толку брзо колку што дозволува ситуацијата“, се вели во друга објава.

Најголемиот дел од намерниците да завршат на плажа во Грција се од Македонија и од Србија, помал број од регионот, но има и возила со регистарски таблички од подалечните европски земји.

Најнови вести од: Македонија

МВР со акција за поголема безбедност во сообраќајот

Министерството најавува дека ќе продолжи со засилените сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, а до сите учесници упати апел доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Санџак Курт е нов генерален директор на Лимак Скопје

Назначувањето на Санџак Курт е природно продолжување на развојниот пат на Лимак Скопје и ја потврдува определбата на компанијата за континуитет во управувањето, натамошен развој на инвестициите и градење долгорочни партнерства засновани на доверба, професионалност и заеднички успех.

Тетовец реагира за сообраќајниот хаос во Тетово: Градот е заложник на возила со швајцарски, германски и италијански регистарски таблички!

Тетовецот Бошко Видоески преку објава на општествените мрежи реагираше на, како што наведува, сообраќајниот хаос и нарушениот јавен ред во Тетово за време на летниот период. Тој оценува дека градот е „заложник на возила со швајцарски, германски и италијански регистарски таблички“, обвинувајќи дека дел од возачите непрописно паркираат, создаваат бучава, турираат, се тркаат и го нарушуваат мирот на граѓаните.

To top