Македонија

Три критични пожари – авион и хеликоптер во акција над Николиќ, Крушје и Локвица

Покрај авионот, на терен е вклучен и еден армиски хеликоптер со ведро за гаснење, исто така со капацитет од три тона вода.

Од вкупно околу 15 активни пожари на отворен простор низ државата, најсериозни се трите кои беснеат кај селата Николиќ, Крушје и Локвица, информираше попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Најдолго активен е пожарот во атарот на дојранското село Николиќ, кој трае веќе повеќе од една недела. Во утринските часови, интервенција започнаа екипи од „Национални шуми“, потпомогнати од противпожарните единици на Валандово, Гевгелија и доброволците од Дојран. Дополнителна поддршка обезбедуваат ДЗС, припадници на Единицата за брзо распоредување, како и пожарникари од Кавадарци со водени топови.

  • „Утрово беше ангажиран и ер-тракторот од типот ‘амфибија’, со капацитет од три тона вода, кој полни од Дојранското Езеро и со прецизни интервенции значително ја зголемува ефикасноста на гаснењето“, истакна Ангелов.

Покрај авионот, на терен е вклучен и еден армиски хеликоптер со ведро за гаснење, исто така со капацитет од три тона вода.

Во однос на новоизбиените пожари кај селата Крушје (општина Велес) и Локвица (општина Македонски Брод), Ангелов нагласи дека се работи за пожари кои се прошируваат брзо и ќе бидат потешки за целосно гаснење.

  • „Го следиме развојот на состојбата. Интервенираме координирано и со максимална подготвеност на сите служби, со цел заштита на населението и шумските површини“, додаде тој.

Дирекцијата за заштита и спасување апелира граѓаните да бидат крајно внимателни и да не палат оган на отворено, особено во услови на високи температури и силен ветер.

Најнови вести од: Македонија

Послекогресно „лавовско ревење“ на Ахмети: Не сум претставник на мачките, туку на лавовите! Ако излезам на улица, повеќе не се враќам!

На денешната предновогодишна средба со новинарите лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека „планот А останува развој и напредок на државата“. Тој изрази надеж дека „нема да оди по план Б“. „Ако излезам на улица, не се враќам повеќе дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови!“ – додаде Ахмети. Ова го објави весникот на албански јазик „Лајм“. Што содржи „планот Б“ на „претставникот на лавовите“ – Али Ахмети?! Кому и поради што му се заканува со можно „излегување на улица“, ако не му се исполнел „планот А“, бездруго она што го договориле на нивниот саботен Конгрес?!

To top