Македонија

Трибина на ВМРО ДПМНЕ денес во Струмица под мотото „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна“

Денеска, на 3 јули 2025 година во 19,30 часот, ќе се одржи трибина на ВМРО-ДПМНЕ во општина Струмица на тема: ,,Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна’’. На трибината говорници ќе бидат: Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата на Република Македонија; Цветан Трипуновски, претседател на комисијата за земјоделство на […]

Денеска, на 3 јули 2025 година во 19,30 часот, ќе се одржи трибина на ВМРО-ДПМНЕ во општина Струмица на тема: ,,Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна’’.

На трибината говорници ќе бидат: Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата на Република Македонија; Цветан Трипуновски, претседател на комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ и ресорен министер во Владата; Илија Стоилев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе и директор на АФПЗРР; Ели Панова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица во Собранието, каде што ги застапува интересите на земјоделците; Влатко Стојкоски,– организациски секретар на ВМРО-ДПМНЕ и директор на пазарниот инспекторат.

Трибината може да се проследи и на јутуб и фејсбук каналот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Украина го нападна Туркстрим: Eдинствениот гасовод што го снабдува Балканот со гас, меѓу кои и Македонија

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денеска остро реагираше на украински напад врз инфраструктурата на гасоводот Туркстрим во Русија, оценувајќи го како сериозна закана за енергетската безбедност на Унгарија и пошироко.

(Фото): Нема да дозволиме профитерство, рече Мицкоски по средбата со газдите на маркетите

По средбата на претставниците на маркетите и премиерот во Владата е заклучено дека не треба да има ново зголемување на цените. Премиерот порача дека нема да се дозволи профитерство на грбот на граѓаните.

(Видео): Синдикатот за култура со кривична за министерот Љутков – тој пак тврди: Барањата за раст на платите се незаконски

Синдикатот за култура поднесе кривична пријава против министерот за култура, за злоупотреба на службената положба и кршење на правата на вработените. Според претседателката на синдикатот, Вера Атанасовска министерот со инструкции испратени по е-пошта се обидел да ги поткопа правата на вработените и колективните договори. Синдикатот наведува дека повеќе од 800 пријави се поднесени од вработените во културата и дека постојат правосилни судски одлуки во нивна корист.

To top