Македонија

Триглав Осигурување ги воведе Travel Smart и Travel Smart Plus

Нови пакети за здравствено патничко осигурување

Travel Smart и Travel Smart Plus се новите пакети за здравствено патничко осигурување, кои што Триглав Осигурување започнува да ги нуди на своите клиенти денес.

Travel Smart и Travel Smart Plus се дизајнирани да понудат флексибилна, достапна и сигурна заштита за секој вид патување. Со новата понуда, клиентите добиваат можност сами да го креираат нивото на заштита, да одберат територијално покритие и да вклучат дополнителни покритија, со што осигурувањето го прилагодуваат на нивните вистински потреби.

Новото здравствено патничко осигурување овозможува избор на три територијални покритија – Соседни земји, Европа и Свет, а клиентите можат да го изберат пакетот и нивото на заштита што им е потребно:

•    Пакет Travel Smart, со покритие до 30 000 евра – исплатливо решение за патниците со стандардни потреби за заштита, кои бараат основно покритие по прифатлива цена;
•    Пакет Travel Smart Plus, со покритие до 50 000 евра – проширена заштита, со повисоки лимити и повеќе можности за надградба.

Покрај основните покритија, клиентите имаат можност да изберат и да додадат и некое од новите, дополнителни покритија:

•    Покритие осигурување од незгода – финансиска заштита во случај на траен инвалидитет или смрт од незгода, што може да се случи за време на патувањето,
•    Покритие за пропуштен настан – ги штити патниците од финансиски загуби, кога не се во можност да присуствуваат на однапред закажани настани, за кои што претходно купиле карта, како што се концерти, фестивали, спортски настани или изложби, поради настаната незгода или болест, при што осигуреникот е хоспитализиран,
•    Ски пакет за рекреативни скијачи и сноубордисти – овој дополнителен пакет клиентите можат да го изберат во рамки на пакетот Travel Smart Plus. Нуди покритие на трошоци за лична одговорност, како и трошоци за неискористеност на ски карта и изнајмена ски опрема во случај кога осигуреникот е хоспитализиран повеќе од три дена, поради претрпена незгода,
•    Покритие на патни трошоци за предвремено враќање дома – покритие на патни трошоци за предвремено враќање дома поради загуба на близок член на семејството,
•    Покритие на патни трошоци за враќање на деца – враќање на деца до 14 години дома во случај кога ќе останат без грижа поради незгода, болест или смрт на осигуреникот.

Со новите пакети, патниците добиваат ниво на сигурност што обезбедува вистинска поддршка во клучни моменти: можат да изберат повисоко покритие за лекување во странство – до 50.000 евра, без под-лимити за медицинските трошоци. Производот нуди и дополнителен бенефит – 50% попуст за децата до 18 години, што ги прави патувањата попристапни за семејствата. За оние кои патуваат почесто, тука е можноста за полиса со повеќе влезови за целиот свет, додека патувањата во соседните земји стануваат уште поекономични, благодарение на пониската премија. И, секако, љубителите на зимските авантури можат да го надградат осигурувањето со Ски пакет – идеално решение за рекреативни скијачи и сноубордисти, кои сакаат безгрижно да уживаат на снежните патеки.

„Како лидери на пазарот на здравствено патничко осигурување континуирано се обидуваме да понудиме производи, кои што обезбедуваат поголема вредност и заштита. Нашата цел е да  понудиме осигурување, кое што на клиентите им обезбедува слобода и сигурност. Со Travel Smart и Travel Smart Plus креиравме решенија, кои што ја следат динамиката на денешните патници и кои што се флексибилни, современи и создадени да се прилагодат на различните потреби и стилови на патување. Веруваме дека клиентите ќе ја препознаат вредноста на зголемената заштита, едноставниот пристап и можноста сами да го моделираат своето осигурување,“ истакна Ѓорѓе Војновиќ, Главен извршен директор на Триглав Осигурување.

Со оваа понуда, Триглав Осигурување ја зајакнува својата позиција како компанија која нуди современи осигурителни решенија, прилагодени на потребите на клиентите и нивните реални потреби, при што процесот на купување е едноставен, брз и целосно достапен онлајн.

Повеќе информации за новата понуда во домен на здравствено патничко осигурување можат да се добијат на следниот линк.

Здравственото патничко осигурување може да се склучи онлајн тука.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Нема да дозволиме профитерство, рече Мицкоски по средбата со газдите на маркетите

По средбата на претставниците на маркетите и премиерот во Владата е заклучено дека не треба да има ново зголемување на цените. Премиерот порача дека нема да се дозволи профитерство на грбот на граѓаните.

(Видео): Синдикатот за култура со кривична за министерот Љутков – тој пак тврди: Барањата за раст на платите се незаконски

Синдикатот за култура поднесе кривична пријава против министерот за култура, за злоупотреба на службената положба и кршење на правата на вработените. Според претседателката на синдикатот, Вера Атанасовска министерот со инструкции испратени по е-пошта се обидел да ги поткопа правата на вработените и колективните договори. Синдикатот наведува дека повеќе од 800 пријави се поднесени од вработените во културата и дека постојат правосилни судски одлуки во нивна корист.

Николоски од Вашингтон: Разговаравме за економска соработка, енергетската транзиција и изградба на коридори

На средбата со Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа, беше нагласено силното партнерство меѓу двете земји, засновано на меѓусебна поддршка и споделена посветеност на демократските вредности, како и на создавање подобри перспективи за економска и трговска соработка, соопшти Министерството за транспорт.

Кај судијата Ѓоко Ристов пронајдени судски предмети, кои не ги гибал сѐ до истекување на роковите, најверојатно за да застарат!

Судскиот совет констатира сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Во извештаите се наведува дека дел од предметите биле чувани во фиока сè до истекување на роковите за кривичен прогон. Иако на седницата не беше јавно посочено името на судијата, досегашните сознанија имплицираат дека е тоа судијата во Апелацискиот суд Ѓоко Ристов. Против него и порано беа поднесувани анонимни претставки до Судскиот совет.

Попов: Македонскиот јазик не е „вештачка конструкција“ и борбата за него не е завршена! Стратегиските партнери треба да помогнат за спорот со Бугарија!

–Официјализирањето на македонската азбука и на македонскиот стандарден јазик не е никаква „вештачка конструкција“, туку логичен тек на долговековниот просторен и временски континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти на цела територија. Тој има долга историја и особен влог во рамките на групата на словенски јазици и светското јазично семејство. Но борбата за зачувување на македонскиот јазик не е завршена. Таа мора да трае и да продолжи пред меѓународните институции за човекови права бидејќи неговата официјална употреба од страна на деловите на македонскиот народ во соседните земји е оневозможена со преземените обврски со потпишаните меѓународни договори. “ – нагласи Живко Попов, претседателот на Македонската академија на науки уметности, денес во своето годишно обраќање. .

To top