Македонија Бизнис

Трипуновски: Рекордна цена на најзастапените сорти на грозје, Вранец 21,3 денари, Смедеревка 18,9 денари по килограм

„Денеска сум овде во посета на млад земјоделец со кој што разговаравме во делот на лозаропроизводството. Радува фактот кога млади луѓе се одлучуваат да се занимаваат со земјоделство“, истакнал министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при посетата на Кавадарци. Вели дека има рекордна цена во делот на откупот на двете најзастапени вински сорти […]

„Денеска сум овде во посета на млад земјоделец со кој што разговаравме во делот на лозаропроизводството. Радува фактот кога млади луѓе се одлучуваат да се занимаваат со земјоделство“, истакнал министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при посетата на Кавадарци.

Вели дека има рекордна цена во делот на откупот на двете најзастапени вински сорти на грозје Вранец и Смедеревка.

„Вранецот ќе изнесува 21,3 денари по килограм, Смедеревката ќе изнесува 18,9 денари по килограм“, посочи министерот.

Како што информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трипуновски додаде и дека е постигнат рекорд во делот на лозаропроизводството.

„Како Влада покажуваме дека сме различни во пристапот, во вреднување и ценење на трудот на македонскиот земјоделец. Во наредните години ќе биде уште подобро“, појасни тој.

Министерот Трипуновски истакна дека оваа година се очекува зголемен принос на винското грозје, некаде над 100 милиони килограми.

Тој потсети дека минатата година бил намален приносот на грозјето поради лошото менаџирање со водата.

„Во делот на Водостопанството дававме максимални напори да ја покриеме целата површина, со одредени помали застои кои што се јавија поради технички проблеми. Успешно го менаџираме процесот на наводнување и поради тоа очекуваме зголемен принос оваа година“, заклучил министерот.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Мицкоски: Димче и Левица одработуваат за новиот стопан Али, затоа имаат кандидати во Струга и Тетово, а не и во Велес и Штип!

„На 19 октомври македонските граѓани имаат историска можност да излезат масовно низ цела Македонија, да го заокружат бројот 9 и да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за вистинскиот избор, за својот човек, за своето место, за својата иднина.“ – порача премиерот на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од синоќешниот народен митинг во Виница.

Светско списание за храна ја прогласи Македонија за „гастрономска кралица на предјадењата“

Се јаде во секоја прилика – за појадок, како прилог до месо или риба, за свечени трпези, но и едноставно, намачкан на леб. Поради разновидноста и богатството на вкусот, често го нарекуваат и „веганскиот кавијар на Балканот“.

За три месеци Клинички ќе добие најмодерен паркинг во Македонија

Алиу рече дека со спојувањето на клиниките на Клиничкиот центар ќе се оди чекор по чекор. Најпрво, ќе се спојат Кардиологија и Кардиохиругија, а потоа и останатите меѓусебно сродни и природно поврзани клиники.

To top