Македонија

Тројца уаспени, седум пријави за семејно насилство во повеќе градови

Мажи ги тепале жените, свекрва нападнала снаа, но и жена го удрила партнерот – седум пријави за семејно насилство

Во текот на изминатото деноноќие на подрачја на повеќе градови во државата евидентирани се седум пријави за семејно насилство, при што три лица се лишени од слобода.

На 14.03.2026 година, во село во струмичко, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 34-годишен жител и 29-годишна жителка на селото. Претходно, 29-годишната жена пријавила дека во нивниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг, додека подоцна и сопругот пријавил дека бил нападнат од неговата сопруга. Двете лица се задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 14.03.2026 година во 20:10 часот, во ОВР Прилеп, 25-годишна жителка на Прилеп пријавила дека била физички нападната од нејзината свекрва. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Истиот ден, во 17:05 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 41-годишен жител на Кавадарци. По претходна пријава според која на неговата 46-годишна партнерка не и дозволувал да го напушти домот, и се заканувал и ја влечел за раката. Лицето е задржано во полициска станица, за настанот е известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.03.2026 година во 01:47 часот, во ОВР Кичево било пријавено дека З.Р. од кичевско село физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно расветлување и документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во СВР Скопје, на 15.03.2026 година во 03:00 часот, 84-годишна жена пријавила дека на 14.03.2026 година, во нивниот дом на подрачјето на Бит Пазар, била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Б.(87) од Скопје, кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден, во 04:00 часот, 52-годишна жена пријавила дека на 14.03.2026 година во дом на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот сопруг В.А.(57) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Претходно, на 14.03.2026 година во 12:30 часот, во СВР Скопје 34-годишен маж пријавил дека на 13.03.2026 година, во дом на подрачјето на Кисела Вода каде престојувала неговата партнерка В.А., бил физички нападнат од неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

Мицкоски: Во судството има измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ

Говорејќи за правосудството во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека таму, покрај огромното мнозинство чесни луѓе, постои и измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ.

To top