Македонија

Тројца приведени за тепачка на „мирниот“ протест на студентите идни правници (ВИДЕО)

Според она што се гледа на видеото првично објавено од порталот Ора24.мк се чини дека едно момче е нападнато од група од пет-шест напаѓачи

Три лица беа приведени вчера поради нарушување на јавниот ред и мир, на протестот на кој студенти Албанци излегоа со барање да се овозможи полагање на правосудниот испит на албански јазик.соопштија.

На видео што го објавија повеќе медиуми, се гледа како групa млади луѓе, кои според информациите биле меѓу учесниците на протест, влегоа во жестока физичка пресметка.

Според она што се гледа на видеото првично објавено од порталот Ора24.мк се чини дека едно момче е нападнато од група од пет-шест напаѓачи.

Видеото содржи сцени на насилство и може да биде вознемирувачки..

Инцидентот и приведувањето го потврди МВР.

„Во 17:45 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје приведоа три лица, македонски државјани, пред Министерството за правда поради нарушување на јавниот ред и мир“, се вели во полициското соопштение.

И заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, реагираше на инцидентот.

Во видео на социјалните мрежи, тој објави дека полицијата привела три лица, еден Македонец и двајца Албанци, по судирот што, според него, се случил по завршувањето на протестот и упати порака до јавноста:

„Драги медиуми, драги граѓани. Сакам да го разјаснам мислењето во врска со инцидентот што се случил по денешниот протест.

Полицијата привела 3 лица, еден Македонец и двајца Албанци по тепачката што се случила по денешниот протест.

Би сакал да ве замолам да не паднете жртва на пропагандата и дезинформациите што циркулираат во јавноста од пропагандната машина на Муса Џафери и Блерим Беџети.

Надлежните институции веќе работат на целосно расветлување на случајот и распределба на одговорности. Смиреност, разумност и одговорност се во интерес на сите“, изјави Исени.

На социјалните мрежи беше

Знамиња на Албанија и по некое на САД и на Европската Унија, а ниту едно на Македонија, транспаренти на албански и на англиски и ниту еден на македонски јазик, некои од нив со радикални пораки, извици „УЧК, УЧК“ и „летање орли“ го обележаа протестот на студентите Албанци за полагање на правосуден испит на албански јазик.

Кому му се обратија студентите без ниедно македонско знаме и со извици „УЧК, УЧК“?

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top