Македонија

ЦУК: Огнената стихија запре

  Заклучно со 7:30 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно 20 пожари на отворени површини, информираат од Центарот за управување со кризи. Според информации, нема активни пожари, ниту пожари кои се под контрола, додека сите 20 се изгаснати. Пожари се регистрирани во повеќе општини меѓу кои Желино, Велес, Кичова, Македонски Брод, Сопишти, Врапчишти, Ранковци, […]

 

Заклучно со 7:30 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно 20 пожари на отворени површини, информираат од Центарот за управување со кризи.

Според информации, нема активни пожари, ниту пожари кои се под контрола, додека сите 20 се изгаснати.

Пожари се регистрирани во повеќе општини меѓу кои Желино, Велес, Кичова, Македонски Брод, Сопишти, Врапчишти, Ранковци, Сарај, Гази Баба, Теарца, Ликова, Куманово, Охрид и Гостивар.

„Најголем дел од интервенциите се поради пожари во ниска вегетација, слама, грмушки и отпад. Во општините Македонски Брод и Сопишти, пожарот кај селото Белице, кај Кајорец, се прошири и кон Јасен, при што беа зафатени низок раст и мешани шуми.

Од ЦУК соопштуваат дека сите пожари се лоцирани и изгаснати, без регистрирани активни фокуси до наведениот период.

Најнови вести од: Македонија

To top