Македонија

TВ 21: Над 16 илјади корисници не плаќаат за вода во Тетово, илјадници нелегални приклучоци

Иако во Тетово снабдувањето со вода за пиење достигнува над 400 литри во секунда, вода не стигнува до сите домаќинства. Од Јавното комунално претпријатие „Шар“ велат дека главниот проблем е поврзан со загубите во застарената мрежа, како и со нелегалните приклучоци кои не се фактурираат. Ова го објави ТВ 21.

Телевизијата натаму наведува: Според нив, загубите во мрежата се значителни и директно влијаат врз недостигот на вода во одредени делови. Директорот на претпријатието, Валон Зеќири, истакнува дека во моментов има околу 24 илјади регистрирани потрошувачи кои се фактурираат за вода, во споредба со операторот ЕВН, кој во Тетово има над 40 илјади потрошувачи. Разликата укажува на голем број корисници кои не плаќаат.

„Инкасантите што ги имаме веќе започнаа со регистрација, но кога дојдов јас како директор имаше 21 илјада, сега имаме 24 илјади. Три илјади се нови регистрации и секојдневно сме на терен со нови регистрации. Околу 16 до 18 илјади се клиенти што не плаќаат, и ако се пресмета само таксата од 100 денари, тоа е сума со која би можеле да се покријат платите на сите вработени.“, вели Валон Зеќири.

Од друга страна, граѓаните на Тетово велат дека вода има, но бараат подобро управување и фер наплата за сите. Според една студија за изводливост, во Тетово околу 35% од водата се губи во амортизираната мрежа, додека уште 35% се троши без да се фактурира, главно поради нелегални приклучоци.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

„Н.М“: Европската цел не значи дека секоја понуда од ЕУ е автоматски добра за Македонија, сѐ треба да се одмери колку им одговара на македонските интереси!

„Не е прашање дали Македонија ќе биде во Европа, туку колкава цена ќе треба да плати, под кои услови и со колкаво право да одлучува за сопствената иднина.“ = се нагласува во анализата со наслов „ЕУ-интеграцијата не е линеарен пат од кандидат до полноправна членка“, која е објавена во дневниот весник „Нова Македонија“.

To top