Македонија

Уапсен е Илија Стоилев директор на Агенцијата за финансиска поддршка

Илија Стоилев, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, е уапсен денеска под сомнение за земање мито, во акција што ја водеше Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) .

Илија Стоилев, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, е уапсен денеска под сомнение за земање мито, во акција што ја водеше Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) .

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на МВР денеска вршеа претреси на повеќе локации низ земјава поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа.

Во Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој попладнево беа влезени тимови на Управата за финансиска полиција, екипи на МВР како и истражители.Неофицијално, се работи за акција по пријава за земено мито од страна на директорот Стоилев од апликант, за да му се додели договор за финансиска поддршка преку програмата ИПАРД.

Како што дознаваме, барањето за мито апликантот го пријавил во МВР, по што му биле дадени обележани банкноти, со чија помош директорот е фатен при земање на митото.

Апликантот, кој го пријавил случајот и учестувал во фаќањето на корумпираниот функционер, е поранешен министер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Илија Стоилев, роден 1967 година во Свети Николе, е именуван на функцијата директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во јули 2024 година.

По образование е дипломиран земјоделски инжинер, отсек сточарство, а работел како наставник по стручни предмети од областа на земјоделство и ветеринарство во СОУ Кочо Рацин – Свети Николе, а потоа бил професор на Земјоделски Факултет УКИМ Скопје.

Како политички активен, Илија Стоилев бил претседател на Совет на Општина Свети Николе во два мандата, директор на Народен музеј – Свети Николе, раководител во подрачна единица на Министерството за земјоделство, како и претседател на Комисија за воведување/предавање на владение на договори за закуп на земјоделско земјиште.

Најнови вести од: Македонија

СВР Тетово: Се преземаат мерки за спречување меѓуетничка нетрпеливост кај младите

Секторот за внатрешни работи Тетово ја информира јавноста во врска со видео материјалите кои се споделени во дел од социјалните мрежи, а се однесуваат на синоќешниот инцидент во кој беа вмешани неколку малолетни лица, дека синоќа тие малолетници се обиделе да проверат кај две 11-годишни деца дали нивната облека содржи обележја на навивачка група, при што изреагирале случајни минувачи и не дошло до физички контакт.

Мицкоски: Над 1200 градилишта низ РМ, вложуваме во автопати, железница, образование и инфраструктура! – Јавните функционери да ја оправдаат дадената обврска!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата во изминатите две години работи на реализација на голем број инфраструктурни и развојни проекти, посочувајќи дека низ државата има повеќе од 1.200 активни градилишта и проекти.

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Муцунски: Наша обврска е да градиме силна и меѓународно почитувана држава, чувајќи ги идеалите со достоинство

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски: Свои на своето и со крената глава! – Со корен во минатото и со верба во иднината, ќе успееме!

„На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата, за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната свечена академија, која се одржа под мотото „Свои на своето!“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Гаши: Само обединети и со почитување на разликите можеме да изградиме држава во која секој граѓанин се чувствува еднаков и безбеден

Овој значаен датум нè потсетува на издржливоста, храброста и напорите на генерациите пред нас во нивната потрага по слобода, достоинство и независна државност

Најнови вести

To top