Македонија

Уапсен е возачот што прегази 11-годишно девојче во Скопје и побегна

Единици на интерветната полиција при СВР Скопје синоќа го лишиле од слобода возачот кој пред три дена удри во 11-годишна малолетничка на улицата „Перо Наков“ во Скопје и побегна од местото на настанот.

Единици на интерветната полиција при СВР Скопје синоќа го лишиле од слобода возачот кој пред три дена удри во 11-годишна малолетничка на улицата „Перо Наков“ во Скопје и побегна од местото на настанот.

Девојчето беше пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде лекарите констатираа дека се здобило со тешки телесни повреди од ударот.

Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР), станува збор за 59-годишен скопјанец со иницијали Б.Р., кој бил приведен синоќа околу 19:30 часот, откако по преземените мерки и активности, полицијата го пронашла и него и возилото.

Скопјанецот се сомничи дека на 28 октомври, околу 20:30 часот, на улицата „Перо Наков“ со возило „фиат сеиченто“ удрил во 11-годишната малолетничка, по што со возилото го напуштил местото на настанот.

„Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и возачот и возилото се пронајдени и Б.Р. по наредба на јавен обвинител е задржан во полициска станица“, се наведува во соопштението од МВР:

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top