Македонија

Уапсен гевгеличанец, шверцувал Египќани-мигранти

Со возило со бугарски регистарски ознаки превезувал шест мигранти и излетал на регионалниот пат Богданци – Гевгелија, по што избегал од местото на настанот.

Полициски службеници од Регионален центар за гранични работи – Југ лишиле од слобода 43-годишен гевгеличанец, кој со возило со бугарски регистарски ознаки превезувал шест мигранти и излетал на регионалниот пат Богданци – Гевгелија, по што избегал од местото на настанот.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи настанот се случил завчера попладне, а И.Д. (43) од Гевгелија е уапсен вчера  поради основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

-На 11.04.2026 во 21:20 часот, на регионалниот пат Богданци – Гевгелија, поточно на местото „Шарен мост“, патничко возило „фолксваген“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од И.Д. излетало надвор од патот. По несреќата, возачот побегнал од местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој е пронајден.

На местото на несреќата биле пронајдени повредени шест лица мигранти од Египет, од кои едно со тешки телесни повреди, кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а останатите пет мигранти и И.Д. се здобиле со телесни повреди – информираат од МВР.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top