Македонија

Убил внук и правнук од сестра па се самоубил

Министерството за внатрешни работи потврди дека се работело за сериозен безбедносен инцидент, во кој било фрлено и експлозивно средство врз полициски службеници

МВР ја потврди трагедијата која синоќа го потресе Прилеп: Тројца членови на една фамилија, меѓу кои и 13-годишно дете, беа пронајдени мртви со повреди од огнено оружје.

Министерството за внатрешни работи потврди дека се работи за сериозен безбедносен инцидент, во кој било фрлено и експлозивно средство врз полициски службеници.

Како што се дознава, крвавиот пир започнал вчеравечер, околу 21:20 часот, кога во ОВР Прилеп, 43-годишната К.Ч. пријавила дека нејзиниот сопруг П.Ч. (43) и нивниот 13-годишен син се оддалечиле од домот, со сомнеж дека можеби заминале во куќата на нивниот роднина П.Ѓ. (62).

Полициски службеници веднаш се упатиле на посочената адреса, а во моментот кога полицијата влегла во објектот, едно лице фрлило рачна бомба кон нив. Бомбата почнала да чади, но, за среќа, не експлодирала, дознава Макфакс.

„Полициските службеници веднаш се повлекле од куќата, но одвнатре било пукано кон нив. Во размената на оган, полицијата возвратила со службено оружје.

Неколку часа подоцна, во 01:35 по полноќ, на местото на настанот пристигнала Итна медицинска помош, каде лекарите констатирале смрт кај тројца – таткото П.Ч., 13-годишниот малолетник и 62-годишниот роднина П.Ѓ.“ објави Макфакс

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Спорот не се сведува само на јазикот тој задира и во други идентитетски прашања

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен неодамна јавно побара продолжување на разговорите, а претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во Софија настапи со слична порака, дури и посочувајќи на потребата од одредени гаранции. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ова го толкува како јасна промена во односот на Унијата.

Зошто во Македонија секој трет стан е празен?!

Во Македонија има доволно станови за парадоксот да изгледа неверојатно: според последниот попис, повеќе од 307 илјади станови се ненаселени, односно секој трет стан во земјата нема постојани жители. А сепак, квадратниот метар продолжува да поскапува, во Скопје и Охрид на атрактивните локации веќе се пробиваат и границите од 3.000 евра.

To top