Македонија

Учениците читаат, но ништо не разбираат – Зошто децата во Македонија се сè понеписмени?!

Македонија се соочува со сериозен пад на писменоста. Поразителни се резултатите од најновото истражување кај четврто и осмоодделенците кое открива дека новите генерации се потешко пишуваат, а уште помалку разбираат што читаат. Иако растат во дигитална ера, многумина не го знаат значењето на основни поими како зборот аудио, ниту знаат да изградат сопствен став за теми како загадувањето на воздухот.

Ученици од 4-то и 8-мо одделение кои биле дел од истражувањето недоволно ги разбираат темите кои ги учат, половина од нив имаат лош и неразбирлив ракопис, имаат проблем кога треба да дадат личен став, помалку читаат, повеќе време поминуваат со видеосодржини од кои немаат едукативна корист, што според професорите доведува до слаби резултати на меѓународните тестирања, велат од Институтот. Една од причините е и предолгото користење на мобилниот телефон. Препорака од истражувањето е да се приспособат програмите на возраста на децата, родителите наместо да прашуваат за оценка, да ги мотивираат децата да се описменат.

За да се спречи овој негативен тренд, потребен е итен пресврт во начинот на кој учат. да се посвети повеќе време на ракописот а наставниците да ги поттикнуваат учениците на  критичко размислување. Од институтот потенцираат дека клучот за подобар успех е да се ограничи времето поминато на телефони и видео игри, заменувајќи го со спорт и активна комуникација на часовите.

Истражувањето е спроведено во март и во април 2025-та година, на 1.288 ученици во 10 скопски основни училишта.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top