Македонија Бизнис

УЈП: Таксистите мора да издаваат фискални сметки

Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните да пријават ако таксисти не им издаваат фискални сметки. Сознанија за неправилности поврзани со авто-такси превозот или неиздавање фискални сметки во која било дејност, може да се пријави на бесплатната телефонска линија 198 или на info@ujp.gov.mk. <Од УЈП велат секој такси превозник е должен да издаде фискална сметка и […]

Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните да пријават ако таксисти не им издаваат фискални сметки. Сознанија за неправилности поврзани со авто-такси превозот или неиздавање фискални сметки во која било дејност, може да се пријави на бесплатната телефонска линија 198 или на info@ujp.gov.mk.
<Од УЈП велат секој такси превозник е должен да издаде фискална сметка и најавуваат засилени контроли.Контролите ќе се спроведуваат во соработка со други надлежни институции низ целата држава, особено во туристичките региони, каде што во летниот период е зголемена фреквенцијата на патници и активноста на авто-такси превозниците“, велат од УЈП.
Даночните обврзници кои вршат авто-такси превоз се должни да користат мобилни фискални апарати со интегриран ГПРС уред, да го регистрираат остварениот промет во фискалниот апарат, да издаваат фискална сметка за секоја услуга во готовински промет, да го евидентираат прометот во книгата на дневни финансиски извештаи за секоја фискална каса поединечно.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top