Македонија

УКИМ ќе бира нов ректор, кандидати се Биљана Ангелова и Дарко Данев

На 28 април УКИМ добива нов ректор

На 28 април, на единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, од 12 до 14 часот, со тајно гласање, ќе се избира ректор на УКИМ за мандатниот период 16 септември 2026 – 15 септември 2029 година.

Во трка се двајца кандидати, актуелната ректорка, проф. д-р Биљана Ангелова, која е редовен професор на Економскиот институт во Скопје, и проф. д-р Дарко Данев, редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје. Тие се пријавени на огласот за нов ректор на УКИМ и поднеле комплетна документација со која се докажува дека ги исполнуваат условите од јавниот оглас.

Утре е последниот ден од рокот за поднесување приговори за листата на кандидати за избор на ректор, утврдена на 8 април, по завршувањето на огласот за пријавување кандидати, кој траеше од 16 март до 7 април.

Од Универзитетската изборна комисија (УИК) за МИА велат дека активностите се одвиваат според роковникот и оти и понатаму ќе се работи според временската рамка за спроведување на потребните дејства за избор на ректор на УКИМ. Не очекуваат приговори по утврдената листа со кандидати, а ако евентуално стигнат, по нив ќе се одлучува во наредните три работни дена (16, 17 и 20 април) и потоа, на 21 април, на веб-страницата на УКИМ ќе бидат објавени програмите за работа, биографските и библиографските податоци на кандидатите за ректор.

До денот на изборите ќе биде утврден единствен избирачки список и технички ќе бидат подготвени гласачките материјали и гласачките ливчиња. Ден пред гласањето на единиците на составот на УКИМ изборните комисии ќе го подигнат изборниот материјал од УИК. Според роковникот, резултатите од тајното гласање треба да бидат објавени на крајот од денот на изборите (28 април), а потоа ќе следува тридневниот рок за приговори по резултатите – од 29 април до 5 мај.

Според временската рамка, предвидени се и термини за евентуално прегласување заедно со рок за приговори и нивно разгледување, а на 14 мај ќе бидат објавени конечните резултати за избор на ректор на УКИМ.

Проф. д-р Дарко Данев беше декан на Машинскиот факултет во два мандата (2016 – 2023). Во својата кандидатура тој најави визија за УКИМ како модерен, отворен и меѓународно конкурентен универзитет, со фокус на дигитализација, унапредување на квалитетот на наставата, поврзување со индустријата и поголема поддршка за студентите и младите истражувачи.

Според Данев, УКИМ има капацитет да биде двигател на развојот на државата и негова цел е Универзитетот да биде препознатлив по знаење, иновации и вредности и да ги задржува и развива најдобрите млади кадри.

Проф. д-р Биљана Ангелова е актуелна ректорка на УКИМ, кадар од Економскиот институт, која на 16 септември 2023 ја презеде функцијата од нејзиниот претходник, проф. д-р Никола Јанкуловски. Во нејзиниот досегашен мандат стратешки проект што почна да се реализира лани е дигитализација на сервисите за студентите, а приоритети ѝ беа и интернационализација, модернизирање, евалуирање и унапредување на наставните програми, со цел УКИМ да прерасне во отворен универзитет со европски вредности и видлив на меѓународниот високообразовен и научноистражувачки простор.

Програмите за работа, биографските и библиографските податоци на кандидатите за ректор ќе бидат објавени наредниот вторник, 21 април, на веб-страницата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Изборот на новиот ректор на најстариот и најголем универзитет во државата се совпаѓа со донесувањето нови закони – закон за високо образование и закон за квалитет во високото образование (заедно со законот за научноистражувачка дејност), кои содржат многу новини и заострени критериуми во високообразовната дејност.

извор: Плус инфо

Најнови вести од: Македонија

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои уште во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

Пишува: Свето Тоевски „Тогаш, кога седевме настрана со вето, сите од целата ЕУ беа против нас. Но со францускиот предлог успеавме да промениме – не да биде Бугарија против ЕУ, туку С.Македонија да биде против ЕУ. Успеавме нашиот став да го направиме став на ЕУ и тоа нè стави во многу посилна позиција, отколку кога […]

(Фото+Видео): Нова авиолинија Скопје-Тиват, наскоро директно од Скопје до црногорското приморје

Станува збор за реализација на договореното при неговата претходна посета на Подгорица, нагласувајќи дека новото авиоповрзување ќе има значење за зголемување на размената меѓу двете држави.

Пријавете се на работилницата на „Реплек“ со Марко Пејчиновски: „РЕсет за внатрешна сила. РЕсет за добросостојба“

Овие иницијативи се надополнување на бројните активности што компанијата континуирано ги реализира за своите вработени во рамките на платформата РЕсет, со цел поттикнување здрави животни навики, личен развој и целокупна добросостојба.

Мицкоски: Очекувам победа на ВМРО ДПМНЕ во Брвеница! Да се гласа не за етнички поделби, туку за подобар живот во Македонија!

Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите на Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ во секоја кампања влегува со цел да победи, така и во оваа кампања во Брвеница, во вториот круг. Во првиот круг имавме најмногу гласови, речиси 3000, очекуваме тој број на гласови да го зголемиме. Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата – изјави денеска премиерот и лидер на владејачката македонска партија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на вториот круг за избор на градоначалник на општина Брвеница.

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Најнови вести

To top