Македонија

Украле струја вред над 22.000 илјади евра

Електродистрибуција откри нелегален приклучок на Попова Шапка

Над 22.000 евра штета од украдена електрична енергија открија екипите на Електродистрибуција при контрола во деловен комплекс на Попова Шапка. Акцијата била спроведена во координација со полицијата од СВР Тетово.

Контролата покажала дека електричната енергија се користела незаконски, преку кабловски разводен ормар, а бил поставен и директен приклучок со нисконапонски кабел. Со ваквиот начин, струјата се користела без да се евидентира потрошувачката.

Од Електродистрибуција информираат дека веднаш биле преземени мерки.

– При контролата констатиравме противправно користење на електрична енергија преку кабловски разводен ормар, како и директно неовластено приклучување со нисконапонски кабел. Составен е записник за неовластено користење, поднесена е пријава до МВР, а изготвена е и фактура за надомест на штета во износ од 1.361.599 денари – велат од Електродистрибуција.

Случајот е пријавен во полиција, а против сторителите ќе се постапува согласно член 235-а од Кривичниот законик.

Најнови вести од: Македонија

Еден од најголемите случаи во поновата историја на Македонија сѐ уште без одговор: кој стоел зад атентатот врз Глигоров на 3.10.1996?

Пред 31 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

To top