Македонија Бизнис

Умерен раст на цените во малопродажба, пад на овошјето и зеленчукот

Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Влатко Стојкоски, информира дека по укинувањето на мерките за ограничување на маржите и замрзнување на цените, кое заврши на 30 април, се забележува умерен раст на цените во малопродажба, додека во големопродажба тие се враќаат на нивото од пред мерките. – Има умерено зголемување на цените на пазарите во […]

Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Влатко Стојкоски, информира дека по укинувањето на мерките за ограничување на маржите и замрзнување на цените, кое заврши на 30 април, се забележува умерен раст на цените во малопродажба, додека во големопродажба тие се враќаат на нивото од пред мерките.

– Има умерено зголемување на цените на пазарите во малопродажба. Кај производите со најголем обрт зголемувањето се движи од 3 до 5%, додека кај производите за лична хигиена, бебешка храна и пелени цените се зголемени за 10 до 20%. Од друга страна, кај зеленчукот и овошјето има значителни намалувања, дури од 20 до 100% – изјави Стојкоски на денешната прес-конференција во Владата.

Анализата на ДПИ, направена пред десетина дена, е веќе доставена до Министерството за економија и труд. Таа е изработена врз основа на контроли спроведени кај над 100 субјекти и над 1.000 продажни места низ државата.

Како што додаде Стојкоски, станува збор за обемна анализа која сега е во надлежност на Министерството за економија, кое треба да ја разгледа и да донесе соодветни заклучоци.

 

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top