Македонија

Уништени 37 тони храна, сме јаделе производи со поминат рок

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на неделава, за време на вонредна контрола кај еден оператор со храна, запленија и нештетно уништија околу 37 тони јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на неделава, за време на вонредна контрола кај еден оператор со храна, запленија и нештетно уништија околу 37 тони јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи, како и разни зачини – сите без декларации и со истечен рок на употреба од една до две години.

Ова го соопшти АХВ, откривајќи ги деталите за сериозниот прекршок. На операторот му е изречена времена забрана за работа, парична глоба и наредба за отстранување на недостатоците под надзор.

„АХВ неделава спроведе вонредни контроли и кај други оператори со храна – месарници месарници, ресторани, сендвичарници, маркети, за што заради утврдени недоследности (нерегистрирани оператори со храна, неспроведени задолжителени обуки на вработените за безбедност на храната, пуштање во промет на небезбедна храна и слично), на операторите со храна и на нивните одговорни лица им изрече парични казни, но и времени забрани за вршење на дејност. Издадени беа и наредби за отстранување на утврдените недостатоци со контролите, а затекнатата небезбедна храна беше нештетно уништена“, велат од Агенцијата.
Овие акции се дел од континуираните напори за заштита на јавното здравје и спречување на пуштање во промет на небезбедна храна.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

To top