Спорт

Ѓорческа меѓу осумте најдобри на тенискиот челинџер во Мадрид

По брејкот на македонската тенисерка на стартот од вториот сет, осмата носителка Корнеева од Русија предаде поради повреда

Лина Ѓорческа ќе игра во четвртфиналето на тенискиот челинџер од серијата ВТА125 „Гран-при опен Вилја де Мадрид“, на земјени терени и со награден фонд од 115.000 американски долари.

На најдобрата македонска тенисерка, неделава 199. на ВТА-листата во сингл, во второто коло поради повреда ѝ го предаде мечот осмата носителка Алина Корнеева (122.) од Русија по брејкот на Ѓорческа на стартот од вториот сет, откако првиот го доби противничката со 6-3.

По дуелот од 50 минути игра до прекинот 31-годишната тетовка утре од 14 часот за пласман во полуфиналето ја очекува Лиза Пигато (189.) од Италија.

 

 

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top