Македонија

Успешно завршен третиот меѓународен конгрес на МЗМСАРИН!

Третиот меѓународен конгрес на Македонското здружение на медицински сестри на анестезија, реанимација и интензивна нега- МЗМСАРИН

Минатиот викенд 17-19 април во Хотел Континетал во Скопје, се одржа Третиот меѓународен конгрес на Македонското здружение на медицински сестри на анестезија, реанимација и интензивна нега- МЗМСАРИН.

Третиот конгрес на МЗМСАРИН ја покажа силната поддршка од членство во Македонија,  како и од голем број предавачи и гости од Србија, Хрватска и Словачка.

Во текот на овие 3 дена беа присутни повеќе од 300 учесници, колешки и колеги од скоро сите јавни и приватни здравствени установи од земјава и регионот, и имаа можност да проследат 32 презентации, работилници и панел дискусии, каде се покажа обединетоста на медицинските сестри во желбата за континуирана едукација и професионален развој.

Посебна гордост ни претставува тоа што на овој конгрес можеме да го најавиме членството на МЗМСАРИН во European Specialist Nurses Organisation и World Patients Alliance – реномирани меѓународни здравствени организации, кои ја препознаваат важноста на сестринската професија во Македонија и заложбата за подобра здравствена грижа.


МЗМСАРИН, како стручно здружение, е формирано во август 2022 година и во изминатиот период континуирано работи на развој и афирмација на медицинските сестри анестетичари и сестрите од одделите за интензивна нега. За релативно краток временски период, здружението покажа дека со јасна визија и силна посветеност може да се постигнат значајни резултати.

Зад МЗМСАРИН стојат три успешно организиранимеѓународни конгреси, четири едукативни работилници и две стручни средби, кои поставија нови насоки за континуираниот професионален развој на анестетичарите и сестрите интензивисти во Република Македонија.


Упатуваме искрена благодарност до сите помагатели и спонзори, без чија поддршка реализацијата на овој конгрес немаше да биде возможна.

Организационот и Стручниот одбор на МЗМСАРИН упатува искрена благодарност до сите предавачи кои со своето знаење и искуство придонесоа за квалитетна и инспиративна програма, како и благодарност и до сите учесници кои со своето присуство го направија овој настан значаен и успешен.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

To top