Македонија

Уставен суд постапува по предметите за платите на обвинителите, кои тврдат дека им се најниски во регионот

Уставниот суд информира дека постапува по три предмети во кои се оспорени одредби од законите што ги уредуваат платите на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители.

Уставниот суд постапува по сите предмети, се преземаат повеќе дејствија со цел да се утврдат сите релевантни факти и околности кои се неопходни за изготвување на темелен и аргументиран реферат – наведуваат од оваа највисока судска институција. На седница одржана на 11 март 2026 година, Уставниот суд ја запрел постапката за оценување на уставноста на Законот за изменување на Законот за платите на јавните обвинители од 2024 година поради исцрпеност во примената.

На истата седница, предлогот за поведување постапка за оценување на уставноста на измените на законите за платите на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители, не го добил потребното мнозинство гласови. Во соопштението се потсетува дека Уставниот суд во моментот работи во некомплетен состав, со осум од предвидените девет уставни судии.

Инаку, Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители бараат од Уставниот суд итно да ги стави на дневен ред и да ги разгледа поднесените иницијативи за оценување на уставноста на измените на Законот за платите на јавните обвинители, како и Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители, со кои по третпат беа намалени коефициентите за пресметка на платите на обвинителите. „Се заканува да се предизвика сериозен одлив на јавнообвинителски кадар и со тоа да се загрози нормалното извршување на јавнообвинителската функција. Нагласуваме дека платите на јавните обвинители во државава и натаму се споредбено најниски од сите останати земји во регионот.“ – се додава во соопштението на обвинителските институции.

Најнови вести од: Македонија

Јаревски: Не е „Алта банка“ ни ТАТ, ни Лавци, ниту пак „Еуростандард“

Банката е ликвидна, обезбедени се штедните влогови, заштитени се и доверителите. Мерките што ги презема Народната банка се веднаш промптни, уште од самиот викенд. Немаме стечај, немаме пропаѓање на банката“, рече пратеникот

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа

(Фото): Лукровски во Охрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

Пораката од форумот беше дека квалитетната младинска работа и функционалните младински центри се клучни за враќање на довербата на младите во институциите и создавање услови тие својата иднина да ја градат во сопствените општини.

To top