Македонија

Усвоен општинскиот енергетски план за 2027 година

Општина Карпош

Во рамки на 15-тата седница која се одржа во просториите на локалната самоуправа, Советот на Општина Карпош заседаваше и расправаше по 23 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во тој контекст, советниците го усвоија Општинскиот енергетски план за 2027 година, врз основа на согласноста од 27.05.2026 година, издадена од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во постапка пропишана со закон. Основната цел на овој план е да се воспостави систематски одржлив и ефикасен пристап кон управувањето со енергијата на локално ниво, во согласност со законските обврски, националните политики и реалните потреби на Општината. Планот содржи решенија за подобрување на енергетската ефикасност во јавниот сектор, особено во општинските административни објекти, основните училишта и детски градинки во надлежност на Општината и уличното осветлување.

Со примена на овој стратешки документ треба да се намали вкупната годишна потрошувачка на енергија, која е поврзана со буџетските трошоци на Општината, на начин што ќе се поттикне користењето на обновливи извори на енергија (сончева, биомаса, термални пумпи и други локално достапни извори). Ваквиот пристап ќе придонесе кон намалување на емисиите на стакленички гасови, со што се подобрува квалитетот на животната средина, а воедно ќе се создаде и основа за планирање, аплицирање и реализација на проекти финансирани од национални и меѓународни фондови. Со одлука на Советот, Општина Карпош го дава на времено користење без надоместок – надземниот премин „Влајко“, на Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје.

Предметниот објект претставува покриен и затворен простор кој располага со 16 деловни простории – канцеларии, со вкупна површина од 142 м 2 и четири помошни простории, со вкупна површина од 8м 2 . Во овој случај, корисникот се обврзува да го користи објектот исклучително за вршење на дејностите од нејзина надлежност и согласно намената која е утврдена со оваа Одлука. Советниците ја поддржаа Одлуката за давање на времено користење без надоместок на затворениот пливачки базен кој се наоѓа во непосредна близина на спортската сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан (во Карпош 4). Имено, базенот се дава на користење на Националната пливачка Федерација на Северна Македонија за период од пет години, без надоместок. Отука, Националната пливачка Федерација се обврзува, по потреба да инвестира во просторот, редовно да ги подмирува сите трошоци за одржување, како и да ги подмирува режиските трошоци кои произлегуваат од користењето на просторот. Според член 4 од Одлуката, пливачката Федерација е должна да обезбеди и отстапи термини за бесплатно користење на базенот за учениците од прво до петто одделение од општинските основни училишта на територија на општина Карпош. Број: 60 Датум: 08.07.2026 година Скопје.

ОПШТИНА КАРПОШ СЕКТОР ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА И ИНФОРМАЦИЈА НА ГРАЃАНИТЕ

ул.Никола Русински бр.11 тел. 02/3055-917 локал 122 www.karpos.gov.mk Советот даде „зелено светло“ за Одлуката за утврдување надоместок за градежно земјиште за населените места на подрачјето на општина Карпош – с.Бардовци и с.Злокуќани, односно населените места вон границите на ГУП на Град Скопје. Со оваа одлука се утврдува видот, износот на надоместокот, начинот на плаќање и наменското користење на средствата прибрани од плаќањето на надоместокот. Изгласана беше и Одлуката за формирање – конституирање на Локален Совет за женско претприемништво на Општина Карпош, со цел поттикнување и поддршка на актуелните и потенцијалните жени – претприемачи во општината.

Советот за женско претприемништво на Општина Карпош се формира заради остварување на повеќе цели меѓу кои, разгледување и давање на препораки за прашања од интерес за поддршка на женското претприемништво и родовата рамноправност. Во тој поглед, од особена важност е услогласувањето на стратегии, креирање на планови, давање на мислења, носење на заклучоци, градење на политики за поддршка на жените претприемачи, како и родовата рамноправност и женските права, со цел општествено и економско зајакнување на жените.

Советниците постигнаа консензус и за две Одлуки за отпочнување на постапка за изменување и дополнување на ДУП за Градска четврт З 08 и измена и дополнување на ДУП за Градска четврт З 09. Станува збор за отпочнување на постапка за изменување и дополнување на Деталниот урбанистички план за Градска четврт З 08, со опфат на бул. Илинден, ул. Франклин Рузвелт, бул. Партизански Одреди и бул. 8 ми Септември, како и за ДУП-от З 09, со опфат помеѓу бул. Партизански одреди, ул. Франклин Рузвелт, бул. Митрополит Теoдосиј Гологанов и бул. 8-ми Септември. Поврзано со гореспоменатата Одлука, советниците го изгласаа Предлогот за суспензија на одредени делови од ДУП-от З 08, со која се суспендираaат од применување градежните парцели: 1.47, 1.48, 1.53, 2.1 и 1.39. Со истата динамика, Советот ја поддржа и Одлуката за суспензија од применување на сите градежни парцели во Блок 1, поточно ГП 5.3, ГП 18.4, ГП 10.1, ГП 10.2, ГП 10.3, ГП 10.4, ГП 10.5, ГП 10.6, ГП 10.7, ГП 10.8, како и сите градежни парцели со намена А2 (домување во станбени згради), нереализирани до донесување на Заклучокот на Советот бр. 09 4607/8 од 15.05.2025 година, од Деталниот урбанистички план за Градска четврт З 09. Со суспендираните делови од двата ДУП-а се штити јавниот интерес кој е приоритетен и за јавниот интерес, при што се води грижа во сите фази од урбанистичкото планирање, односно во постапките изработување, донесување и спроведување на урбанистичките планови. Поддршка од Советот на Општина Карпош добија и Одлуките за давање согласност на Годишните планови за вработување за 2027 година, за сите детски градинки и основни училишта кои функционираат на територија на локалната самоуправа.

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top