Македонија

В среда последно збогум за Владо Јаневски

Јаневски беше првиот македонски претставник на Изборот за песна на Евровизија во 1998 година со песната „Не зори зоро“, а во текот на кариерата доби бројни признанија, меѓу кои и наградата за трајни музички вредности на годинашното издание на „Златна бубамара на популарноста“.

Македонија во среда ќе му оддаде последна почит на еден од своите најзначајни музички автори и изведувачи. Семејството на Владо Јаневски ги објави деталите за последното испраќање, а информацијата до јавноста ја пренесе „Авалон“ продукција. Од продукцијата соопштија дека известувањето го добиле од семејството на починатиот пејач и кантавтор и, по нивно барање, го споделуваат со јавноста.

  • „Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на Градските гробишта во Бутел на 1 јули од 10 до 11 часот. Погребот ќе следи веднаш потоа, на гробиштата во Бутел. Има нешто посилно од сѐ“, информираа од „Авалон“.

Владо Јаневски почина вчера во Скопје, по кусо боледување. Зад себе остави богата музичка кариера и песни кои со години се дел од македонската музичка сцена. Меѓу неговите најпознати хитови се „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“ и „Еден бакнеж“.

Јаневски беше првиот македонски претставник на Изборот за песна на Евровизија во 1998 година со песната „Не зори зоро“, а во текот на кариерата доби бројни признанија, меѓу кои и наградата за трајни музички вредности на годинашното издание на „Златна бубамара на популарноста“.

Неговиот последен голем концерт се одржа на 14 февруари во спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде настапи заедно со Момчило Бајагиќ – Бајага, во организација на „Авалон“ продукција. Последните години од животот Владо Јаневски живееше во Гевгелија, но неговото музичко наследство ќе остане трајно врежано во македонската култура.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top