Македонија

Вечерва ќе се знае кој креативен средношколец ќе добие 1 милион денари

Победникот ќе има можност да ја претвори идејата во одржлив бизнис

Во просториите на Бреинстер Некст колеџот денеска се одржува големото финале на натпреварот „Средношколец Милионер“. Десет тима од различни градови ќе ги претстават своите иновативни идеи пред пет реални инвеститори.

Во потесен избор ќе влезат четири тима од средните училишта во Скопје, три од Битола, две од Велес и еден тим од Куманово. Победничкиот тим ќе ја освои главната награда од 1.000.000 денари, со можност својата идеја да ја претвори во вистински, одржлив бизнис.

Финалистите ќе бидат оценувани според четири критериуми: колку јасно го дефинираат проблемот, колку применливо е предложеното решение, изводливоста и исплатливоста на бизнис моделот и зрелоста на тимот да ја спроведе идејата во пракса.

– Овој натпревар покажува дека новата генерација размислува практично, технички и пазарно. Тие не создаваат идеи „на хартија“, туку функционални концепти што може да се имплементираат веднаш. И горди сме на успехот кој го постигнаа сите учесници досега – велат организаторите на натпреварот.

Според организаторите, проектите ги покриваат најактуелните теми на денешницата — од финансиска писменост и едукација, преку алатки со вештачка интелигенција, па сè до локален развој, туризам, здравствени навики и фриленс можности за младите, јави Бреинстер.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top