Македонија

Македонија освои награда за „Развивање на темата“ на ЕКСПО во Осака

ЕКСПО 2025 во Осака се одржува под покровителство на Меѓународното биро за изложби, со учество на над 160 земји и организации. Наградите за учесници се доделуваат од меѓународно жири, кое ги оценува павилјоните според четири категории: архитектура, дизајн на изложба, одржливост и развивање на темата – најпрестижната категорија која ја нагласува способноста на павилјоните да ја претстават централната тема на Експото на инспиративен и иновативен начин.

Македонија го освои признанието „Theme Development Award“ (Награда за развивање на темата) на Светската изложба ЕКСПО 2025 во Осака, Јапонија, едно од најзначајните признанија што ги доделува Меѓународното биро за изложби (BIE). Наградата беше објавена и доделена на свечената церемонија по повод BIE Day – 12 октомври 2025, со што македонскиот павилјон се вброи меѓу најуспешните учесници на ова глобално настанување.

Ова признание претставува голем успех за Македонија, бидејќи ја вреднува креативноста, концептуалната јасност и автентичниот начин на кој националниот павилјон ја оживува централната тема на ЕКСПО 2025 – „Дизајнирање на иднината за нашите животи“. Македонскиот павилјон преку иновативен пристап, културно наративно ткаење и современа визуелна презентација успеа да ја раскаже приказната за земјата како мост меѓу традицијата и иднината, со фокус на поврзување на луѓето, архитектурата и хуманоста.

Успехот е резултат на координирани напори на Генералниот секретаријат на Владата, предводени од Кристина Ризовска Кутретински, генерален комесар за РС Македонија за Експо Осака 2025, во соработка со стручен и посветен тим од претставници, дизајнери и институции.

Клучна улога во развивањето на концептот и визуелниот идентитет на павилјонот имаше маркетинг агенцијата „Бокс дигитал“, која го осмисли и реализира креативниот концепт и комуникациската стратегија што ја поставија Македонија како современ, поврзувачки и визионерски учесник на ЕКСПО 2025.

  • Оваа награда е признание за визијата и тимската работа со која ја презентиравме Македонија на глобалната сцена. Успеавме да ја раскажеме нашата приказна на начин кој е препознатлив, модерен и длабоко поврзан со темите на ЕКСПО 2025 – изјави Кристина Ризовска.

ЕКСПО 2025 во Осака се одржува под покровителство на Меѓународното биро за изложби, со учество на над 160 земји и организации. Наградите за учесници се доделуваат од меѓународно жири, кое ги оценува павилјоните според четири категории: архитектура, дизајн на изложба, одржливост и развивање на темата – најпрестижната категорија која ја нагласува способноста на павилјоните да ја претстават централната тема на Експото на инспиративен и иновативен начин.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top