Македонија

Вечерва заседава македонскиот Совет за безбедност

Се анализира состојбата во Македонија и можните безбедносни, економски и енергетски последици по граѓаните од војната во Иран.

По вчерашната најава од претседателката Сиљановска-Давкова која го свика по настаните во Иран вечерва заседава Советот за безбедност на Република Македонија.

Тема на денешното заседание на Советот за безбедност е состојбата во Македонија и можните безбедносни, економски и енергетски последици по граѓаните од војната во Иран.

Советот за безбедност како советодавно тело на претседателот на Републиката, предвидено во Уставот (член 86) се занимава со прашања за одбрана, безбедност, надворешна политика и ризици за националната безбедност.

Претседател на Советот за безбедност е шефицата на државата Гордана Сиљановска Давкова а членови по функција се:

Африм Гаши — Претседател на Собранието
Христијан Мицкоски — Претседател на Владата (Премиер)
Панче Тошковски — Министер за внатрешни работи
Владо Мисајловски — Министер за одбрана
Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи

Дополнителни членови именувани од Претседателката Сиљановска-Давкова се:

Малинка Ристевска-Јорданова, експерт за евроинтеграции
Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии и експерт
Владо Спиридонов, експерт за климатска безбедност

Овој состав е целосен од септември 2024 година, кога Претседателката ги именуваше тројцата дополнителни членови.

Советот заседава по повик на Претседателката, седниците се зад затворени врати, а по нив се очекува изјава илј соопштенија за јавност.

Фото: Архива Фејсбук профил на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top