Македонија

Вељаноски: Тахничката влада, како и поранешното СЈО, треба да замине во историјата

Секој правен и уставен експеримент предизвикува повеќе штета од корист за државата, вели поранешниот претседател на Собранието

Tехничката влада и СЈО биле наметнати ад-хок механизми со политичка цел, кои донеле дисфункционалност наместо стабилен и правен систем и треба конечно да заминат во историјата, оценува ,поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски .

Како што вели, секој правен и уставен експеримент предизвикува повеќе штета од корист за државата.

Времето и искуството покажаа дека импровизациите во системот не носат квалитет, туку дисфукционалност. Така беше со идејата за техничката Влада, така беше и со Специјалното јавно обвинителство(СЈО).

Треба да говориме отворено и без лажни наративи.

Според него, овие два механизма не беа воведени за да донесат повеќе правда или демократија. Тие беа измислени и наметнати со една единствена политичка цел-да се инсталира СДСМ на власт и да се реализира идејата за промена на уставното име на Република Македонија. Ништо друго. Граѓаните не треба повеќе да бидат предмет на манипулација за наводните “благодети” на овие ад-хок решенија.

И СЈО и техничката Влада беа плод на политички и правни манипулации, туѓи на нормалниот парламентарен живот и правниот поредок. СЈО веќе заврши на буништето на историјата како неуспешен проект. Време е и техничката Влада итно да и се придружи.

На Македонија и е потребен стабилен систем а не вечни изнудени експерименти, пишува Велјановски во објава на ФБ.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top