Македонија

(Видео): Американскиот претседател го пофали храбриот маж кој го совлада едниот напаѓач во Синднеј

Големите градови, вклучувајќи ги Берлин, Лондон, Њујорк и Варшава, ја засилија безбедноста околу настаните за Ханука по нападот врз еврејската заедница на плажата Бонди во Сиднеј.

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече нападот на плажата Бонди во Австралија, „страшен“ и „антисемитски“, а притоа го пофали храбриот маж кој го совлада едниот напаѓач.

  • Сакам да им изразам почит на сите. На Австралија и на премиерот, на сите со кои имаме одличен однос. Тоа што се случува таму е страшна ситуација – додаде Трамп.

Тој посебно го пофали, како што рече, мошне, мошне храбриот човек кој го нападна едниот напаѓач и спаси многу животи.

  • Голема почит за тој човек што го направи тоа – рече Трамп.

Граѓанинот кој за време на пукањето на плажата во Синдеј физички го совлада и го разоружа едниот напаѓач е идентификуван како 43-годишниот Ахмед ал Ахмед, трговец со овошје од предградието Сатерленд. Ахмед, татко на две деца, е тешко повреден со два куршума по интервенцијата на полицијата.

  • Се наоѓа во болница и не знаеме точно каква му е состојбата. Се надеваме дека сѐ ќе биде добро. Тој е херој, 100 отсто – изјави роднина на Ахмед.

Според првите информации, Ахмед треба да биде опериран. Се наведува дека немал никакво искуство со огнено оружје и во моментот на нападот случајно бил во близина и решил да реагира.

На снимките што кружат на социјалните мрежи се гледа Ахмед, облечен во бела маица, како се крие зад автомобилот на паркингот недалеку од едниот напаѓач. Во моментов на затишјето, тој однеднаш потрчува кон напаѓачот, го зграпчува зад грб околу вратот и по куса борба успева да му ја одземе пушката. Напаѓачот паѓа, а Ахмед го насочува оружјето кон него додека овој почнува да се повлекува кон мостот. На други снимки направени подоцна се гледа како Ахмед седи на земја а минувачи му помагаат поради повредета на ногата.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека го предупредил својот австралиски колега, Ентони Албанезе, дека политиките на неговата земја го поттикнуваат антисемитизмот. Нетанјаху рече дека пукањето е „ладнокрвно убиство“ и дека антисемитизмот „се шири додека лидерите молчат“.

  • Мора да ја замените слабоста со акција – рече израелскиот премиер.

Големите градови, вклучувајќи ги Берлин, Лондон, Њујорк и Варшава, ја засилија безбедноста околу настаните за Ханука по нападот врз еврејската заедница на плажата Бонди во Сиднеј, додека Москва, првпат од 1991 година, не ја запали осумкраката менора.

Британскиот крал Чарлс Трети, исто така, го осуди нападот.

  • „Мојата сопруга (кралицата Камила) и јас сме згрозени и тажни“ од овој „ужасен антисемитски терористички напад врз Евреите“, напиша тој на „Х“.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top