Македонија

(Видео): Цело Скопје ќе биде чисто за 72 часа откако ќе станам градоначалник, рече Ѓорѓиевски

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вели дека како градоначалник на метерополата за 72 часа ќе го исчистел цело ѓубре, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, одговорноста за сметот во Скопје ја гледа кај менаџментот на Град Скопје, кој имал има име и презиме, Данела Арсовска.

Орце Ѓорѓиевски кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во дневникот на ТВ Сител во Тема на денот каде што истакна дека во првите 72 часа ќе направи генералка на цело Скопје и истакна дел од проектите кои се приоритетни како изградбата на подземна сообраќајница во Скопје.

– „Проблемот со сметот не е само од денес и не е изминатата недела, ние имаме хроничен проблем неколку години наназад со кои се соочуваме како скопски градоначалници земајќи во предвид дека на многумина не им се јасни ингеренциите и постојано го вперуваат прстот, граѓаните на крајот од денот и не ги интересира тие уредно си плаќаат но го вперуваат често пати прстот во нас како локални градоначалници во било која од скопските општини ние во неколку наврати во минатото делувавме самите, дури во неколку од тие случаи и бевме казнувани но подоцна се покажа дека се неиздржани казните пак паѓаа пред да дојде ред општината да плаќа евентуална глоба, во тој контекст изминатиот период од неколку дена е најалармантен во предизборието кога се случува практично да или не постапува Комунална хигиена или пак онаму каде постапува, делумно постапува. Дополнителен проблем што е констатиран од сите скопски градоначалници е дека на многу од микро локациите особено таму каде што има роботи контејнери, на места каде имало 3-4 контејнери во моментот има по 1 контејнер. Ќе треба да утврдиме дали некој свесно или намерно го направил тоа“ кажа Ѓорѓиевски и додаде:
  • „Ние дејствуваме, започнавме уште пред некој ден снаоѓајќи се самите, треба да земеме во предвид дека ние немаме механизација соодветна за празнење на контејнерите но алтернативно делуваме ни помагаат општествено одговорни компании за барем оние мини депонии околу контејнерите да ги исчистиме. Ќе мора да делуваме брзо. Секаде каде што градоначалникот во скопските општини нема да може сам заедно со општествено одговорни компании да одговори на предизвикот се договоривме да се уклучи некоја од соседните општини. Ќе побараме помош“ истакна Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски кажа дека одговорноста за сметот во Скопје е кај менаџментот и има име и презиме во случајот тоа е Данела Арсовска.

  • „Можам да кажам како ќе функционирам и како ќе го водам градот Скопје, не треба оној кој е создавач на кризите и тој којшто треба да ги најде решенијата постојано да го вперува прстот во некој сите да бидат виновни освен тој. Одговорноста има име и презиме, односно тој којшто е менаџер на главниот град, во случајот Арсовска. Се знае каде е командната одговорност. Дали е директор на Комунална хигиена дали Управниот одбор колективна вина има таму кај сите и сите треба да си одговараат за непостапување соодветно. Јас немам детали за тоа што се случува внатре“ истакна Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски посочи дека стои позади секое ветување и се што ветил ќе биде реализирано во рок.

  • „Стојам позади секое мое ветување, одговорно тврдам дека ќе биде сработено за периодот којшто сум ветил дека ќе биде сработено. На Градот Скопје му треба генералка, и тоа не е квантна физика тука треба добро да се организираме. Но главната организација треба да е во Комунална хигиена кое ги има сите ресурси за коишто граѓаните плаќаат“ истакна Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски истакна дека тоа што во Советот на Град Скопје ќе има мнозинство истовремено значи и дека има огромна одговорност.

  • „Тоа што имаме апсолутно мнозинство значи дека имаме апсолутна одговорност, важно е мнозинството важно е што граѓаните имаат сериозни очекувања од нас, одговорноста е уште поголема и тука нема да има изговор. Јас сум човек којшто никогаш позади никого нема да се крие и тоа го покажав изминатите 4 години. Во Советот освен нашето цврсто мнозинство има партиципиенти од други партии на сите ќе им биде подадена рака. Потребно е јавно и транспарентно, одговорно да работите во интерес на граѓаните“ потенцира Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски истакна дел од проектите кои се приоритетни како изградбата на подземна сообраќајница во Скопје.

  • „За мене најсериозен предизвик освен да ги завршам оние 4 проекти, Љубљанска, Михајло Апостолски мостот, булеварот Борис Трајковски и клучката кај Момин Поток кои мораме да ги завршиме, фокус ми е сообраќајницата подземна Лимак којашто треба од страна на градот да ги доврши трите кружни тека, 2 спрема Кисела Вода на граница со Центар и едниот кај Нова Македонија ќе биде првиот предизвик кој ќе го реализираме. Тоа ќе биде првата подземна сообраќајница во Македонија“ нагласи Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски кажа дека очекува поддршка од сите скопјани, но кажа и дека од ВРЕДИ И ЗНАМ веќе добил поддршка.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски во Берлин на собир на ,,Коалицијата на волните”

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Берлин учествуваше на состанокот на Коалицијата на волните посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир

АмЧам: Реформите, иновациите и меѓународните стандарди предуслов за подобра здравствена заштита

Американската стопанска комора во Македонија е акредитиран член на Стопанската комора на Соединетите Американски Држави и на мрежата на Американски стопански комори во Европа, организација која претставува 49 Американски стопански комори од 47 земји во Европа и Евроазија.

Велјановски до опозицијата: Не може да се заборави како ја пљачкавте државата

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кажа дека и покрај долговите наследени од претходната влада, предводена од СДС, кои се тежок товар за државата, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силни инвестиции, со работа на фискална консолидација, но и со зајакнување на здравствената и социјалната заштита на граѓаните.

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во Македонија

Законот за сезонски работници што е во сила од 1 јануари 2026 година, сѐ уште не ги дава очекуваните резултати, но ова не е закон направен за една година. Затоа организираме информативни средби и настани со помош на медиумите, стопанските комори, работодавачите и синдикатите – за да ги анимираме луѓето дека пензионери, студенти, оние кои сакаат дополнително да работат и сите категории невработени лица можат да го искористат, без притоа да го изгубат стекнатиот статус, да имаат комплетно пензиско и здравствено осигурување, фер ангажман, платен работен час колку што се ангажирани дополнително и со тоа да остварат дополнителни приходи – рече денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Општина Охрид ги засилува активностите за затворање на депонијата „Буково“ и воспоставување нов систем за комуналниот отпад

Завршена е постапката за избор на проектант за изработка на техничката документација за затворање на нестандардната депонија „Буково“, а во тек се и активностите за изградба на претоварна станица кај Мауцкер и собирен центар во Охрид. Претоварните станици и Регионалниот центар за управување со отпад во Новаци се очекува да бидат функционални во 2030 година. Ова беше истакнато на денешната средба во Општина Охрид, посветена на новиот Регионален план за управување со отпад и воспоставувањето интегриран систем за Југозападниот и Пелагонискиот плански регион.

Зафировски за признанието на Михаилова за ДАНС: Ова е бугарска пародија, во која самата се излаја за поврзаноста со тајните служби

Срамота и давање автогол, бугарска пародија во која Ива Михаилова самата недоветно се излаја за улогата на тајните служби и бугарската ДАНС во целиот нејзин „случај“, посочи безбедносниот аналитичар Воислав Зафировски во „За македонските работи“ со Љупчо Цветановски. Недораснато дете кое избрза и искрено си кажа се што треба и не треба, класичен автогол во полза на Македонија за случај кој беше поддржан и од највисоките бугарски функционери.

Најнови вести

To top