Македонија

(Видео): Има пари за луксузирање на владата, граѓаните не можат да се прехранат, реагира Филипче

Филипче посочи дека растот на цените на енергенсите и горивата директно довел до поскапување на основните прехранбени производи. Раст на цените и притисок врз граѓаните.

Граѓаните веќе се жалат дека не можат да наполнат ниту една кошничка и дека едноставно не можат да се прехранат, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи дека Владата не презема мерки додека цените на храната и горивата растат. На прес-конференција, Филипче посочи дека растот на цените на енергенсите и горивата директно довел до поскапување на основните прехранбени производи. Раст на цените и притисок врз граѓаните.

  • „Нафтата беше 71 денар, сега е 95,5 денари и тоа повлече поскапување на јајцата, месото, млечните производи, овошјето и зеленчукот“, рече Филипче.

Тој нагласи дека ваквите поскапувања ретко се враќаат назад и дека најпогодени се најранливите категории граѓани. Филипче оцени дека Владата „не направи ништо“ и дека единствената мерка – намалување на ДДВ на горивата – нема ефект.

  • „Кога ќе намалите ДДВ на нешто на кое основната цена веќе пораснала, не го намалувате приходот во буџетот. Тоа значи дека има пари за луксузирање на владата, а нема директна помош за граѓаните“, изјави тој.

Според него, оваа мерка не им помага ниту на компаниите, бидејќи тие имаат поврат на ДДВ. Како пример, Филипче ја посочи Хрватска, каде, како што рече, се воведени конкретни мерки за поддршка.

  • „Освен ограничување на цените на горивата и гасот, одредени категории граѓани добија директна помош – земјоделци, социјално загрозени, рибари“, рече тој.

Тој потсети дека во време на претходните кризи биле исплатени околу 2 милијарди евра директна помош за граѓаните. Филипче повика Владата да прифати конкретни економски мерки:

  • „Да се намали ДДВ на основните прехранбени производи на 0% и да се намали акцизата за 4 денари. Само така ќе има вистинско поевтинување на горивата“, рече тој.

Дополнително, побара и намалување на патарините, како и воведување посебни пакети мерки за најзагрозените категории – пензионери, социјални случаи, лица со ниски примања и семејства со повеќе деца. Филипче оцени дека Владата нема капацитет да се справи со економските предизвици.

  • „Дефицитот веќе порасна од 3,5% на 5,1%. Тоа покажува дека нема капацитет да се води државата како што треба“, изјави тој.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top