Македонија

(ВИДЕО) Како изгледа типична Македонка според вештачка интелигенција

Облеката на ,,вештачката” Македонка се базира на комбинација од традиционални македонски носии од различни краеви на Македонија

Профил на Јутјуб кој објавува видеа направени со помош на модерни алатки за анимација на слики во видео објавува како изгледа типична Македонка според вештачка интелигенција.

Македонката производ на вештачка интелигенција е снимена на брегот на Охридското езеро кај Свети Наум а облечена е во везена облека која ретко може да се види кај млади луѓе во Македонија.

Облеката на ,,вештачката” Македонка се базира на комбинација од традиционални македонски носии од различни краеви на Македонија.

Во видеото покрај вештачка Македонка се објавени и анимации на жени од Киргистан и Џибути.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top