Свет

ОН до САД за Иран: Напад врз цивилна инфраструктура е забранет со меѓународното право

Предупредувањето доаѓа по заканите од Трамп дека „нема да имаат мостови, нема да имаат електрани, нема да имаат ништо“

Обединетите нации ги предупредија САД да не напаѓаат цивилна инфраструктура во Иран, напомнувајќи дека тоа е забрането со меѓународното право, изјави Стефан Дижарик, портпарол на генералниот секретар Антонио Гутереш.

Дижарик нагласи дека напад врз цивилна инфраструктура е забранет, дури и ако зградата се квалификува како воена цел, ако тоа ризикува „прекумерна случајна штета на цивилите“, објави Скај њуз.

Тој додаде дека во такви случаи, судот ќе мора да одлучи дали ваквите напади претставуваат воени злосторства.

Предупредувањето од ОН доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли идејата дека неговите закани за напад на иранската инфраструктура би претставувале воено злосторство.

Трамп ги засили заканите против Иран, велејќи дека постојат дури и „полоши опции“ од бомбардирање електрани и мостови ако Техеран не го отвори Ормускиот теснец, објави Си-Ен-Ен.

„Нема да имаат мостови, нема да имаат електрани, нема да имаат ништо. Нема да одам понатаму бидејќи има и други работи што се полоши од тоа“, им рече Трамп на новинарите за време на традиционалното тркалање велигденски јајца во Белата куќа.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top