Македонија

(Видео): Македонија на дното по стандардот на живеење, инфлацијата достигна 4,5%, обвини СДСМ

Цените продолжуваат неконтролирано да растат. За 2,8% се зголемени цените на мало во октомври годинава, споредено со истиот месец лани. Најголем раст има кај прехранбените производи – храната поскапе за 6,7%, овошјето и зеленчукот за 4,3%, велат од опозициската партија.

Секојдневно, реалните економски податоци и индикатори ги побиваат лагите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за наводен економски бум во државата. Последните податоци за инфлацијата потврдуваат дека, спротивно на уверувањата на власта дека инфлацијата паѓа, таа останува висока и ја јаде куповната моќ на граѓаните. Годишната инфлација во октомври достигна 4,5%. Најголемо зголемување од 7% е регистрирано кај трошоците за храна и безалкохолни пијалаци – основните производи без кои не може да живее ниту едно семејство.

Цените продолжуваат неконтролирано да растат. За 2,8% се зголемени цените на мало во октомври годинава, споредено со истиот месец лани. Најголем раст има кај прехранбените производи – храната поскапе за 6,7%, овошјето и зеленчукот за 4,3%.

Растот на инфлацијата и цените е јасен показател дека економските политики на власта се промашени и без никаков резултат. Сметката ја плаќаат граѓаните.

Платите и пензиите не го следат растот на трошоците за живот. Ова е клучен показател дека секој ден животот станува сè поскап за македонските граѓани. Тие се принудени постојано да кратат, да пресметуваат, да избираат што нема да купат – затоа што приходите не им стигаат. Ова е реалноста. Ова се вистинските проблеми на граѓаните.

Трагично е што власта не ни помислува на покачување на платите. Додека во регионот платите растат, ВМРО-ДПМНЕ одбива да ги покачи. Ветуваа повисок животен стандард и плати, а денес Мицкоски не сака ни да слушне за зголемување на минималната плата барем на 500 евра.

Власта не прифати ниту еден од конкретните предлози на СДСМ – ниту предлогот за 500 евра минимална плата, ниту укинување на ДДВ за прехранбени производи. И така продолжува – во новиот Буџет за 2026 година не е предвидено зголемување на минималната плата на 500 евра, ниту мерки за намалување на цените. Тоа значи дека цела следна година граѓаните и работниците може да очекуваат уште поскап живот, а Владата нема да преземе ништо.

Сега е јасно: на ВМРО-ДПМНЕ ѝ одговара граѓаните да живеат сè полошо. Ова е стратегија за ослабување на нивната економска моќ, за ширење очај и разочараност. Целта е да ги обесхрабрат граѓаните и работниците да бараат подобри плати и приходи. Да ги прифатат политиките на ниски стандарди и евтина работна сила.

Но граѓаните ова го препознаваат. Јасно ѝ порачуваме на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема да молчи – и нема да молчат ниту граѓаните. Нивната намера е прочитана, а стратегијата ќе им се удри од глава.

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт расте само стандардот на профитерите. Расте експлоатацијата на работниците и сиромаштијата на граѓаните. Ништо друго добро не се случува во државата. СДСМ ќе продолжи да предлага конкретни политики кои обезбедуваат подобар живот за сите.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top