Македонија

(Видео): На црн пазар во соседна земја завршиле 2.000 тони пченица и јачмен – учесници кадри од СДСМ

Дали Димковски за овој криминал кој е проценет на близу 800.000 евра, добил дозвола и насока од страна на Заев, Филипче и Николовски? Дали ова трио добило еднаков процент и затоа сега Димковски ќе лежи за овие тројца? Затоа ли од страна на СДСМ се толку гласни за земјоделството, затоа што знаат каков криминал имаат направено, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев, Венко Филипче и Љупчо Николовски дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен во вредност близу 800.000 евра од државните стокови резерви да се најдат на црн пазар на една соседна држава, рече денеска Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

  • Иако пченицата постоела и била употреблива, Димковски и уште 4 лица направиле записник во кој напишале дека има помалку 2.000 тони јачмен и пченица, а овој записник, Заев, Филипче и Николовски, без никакви проверки го заклучиле на владина седница – рече Андоновска.

Со оваа постапка, се поставува прашањето дали Заев, Филипче и Николовски биле свесни за криминалот што се случувал во Агенцијата за стокови резерви, праша Андоновска.

  • Дали Димковски за овој криминал кој е проценет на близу 800.000 евра, добил дозвола и насока од страна на Заев, Филипче и Николовски? Дали ова трио добило еднаков процент и затоа сега Димковски ќе лежи за овие тројца? Затоа ли од страна на СДСМ се толку гласни за земјоделството, затоа што знаат каков криминал имаат направено – праша таа.

Владеењето на СДСМ, додаде Андоновска, изобилува со криминални и со коруптивни методи.

  • Наместо државата да има стокови резерви, тие најверојатно завршувале на црните пазари во една соседна држава, продавајќи ги за енормно повисоки цени. Наместо парите да ги вратеа кај граѓаните и земјоделците, тие си ги пикнаа во џеб. Правда и одговорност мора да има и од првиот ешалон на тогашната власт – кажа Андоновска.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top