Македонија

Видео на денот: Македонката Тина Русева растури на „Гласот на Германија“

Родената струмичанка која живее во Леверкузен ги одушеви жирито и публиката на најгледаното музичко шоу во Германија

Тина Русева ги направи Македонците каде и да се горди на 20-годишната девојка родена во Струмица, а живее во Леверкузен, која со својот настап синоќа го одушеви жирито на талент-шоуто „Гласот на Германија“ (The Voice of Germany) на германската телевизија ПроЗибен.

Моќниот вокал на Тина и феноменалната изведба на „Do It Like A Dude“ од Џеси Џ. предизвикаа вистинско лудило кај публиката во студиото и изнудија куп комплименти од членовите на жирито Реа Гарви, Ширин Давид, Нико Сантос и дуото Мичи и Смудо на црвените столчиња во 15. сезона од шоуто.

Спектакуларниот настап на Русева на линкот.

 

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

To top