Македонија

(Видео): Нема решение без систем, а ни “С ” од систем без одговорност, реагира „Анима мунди“

Популацијата на бездомни животни е предвидлив, математички објаснив феномен -секое нестерилизирано животно создава експоненцијален раст на нови генерации. Затоа мерки како масовно стационирање, дислокации или еутаназија никаде не дале трајни резултати. Напротив, создаваат „вакуум ефект“ – испразнетиот простор повторно се пополнува ако изворот остане неконтролиран.

Денес добивме видео: човек исфрла пет мали кучиња на улица, одземени од мајката која е негово куче. Случајна минувачка го прашува зошто го прави тоа и му укажува дека постојат бесплатни стерилизации, дека постојат решенија. Тој сепак ги остава, препуштени на глад, болести, опасности и сигурно страдање, смрт.
Ова е сурово, погрешно и општествено штетно. И токму ваквите постапки го произведуваат проблемот што сите подоцна го плаќаме, а животните со своите животи.
Науката за јавни политики е јасна: проблеми што произлегуваат од човечко однесување не се решаваат со собирање на последиците, туку со регулирање на изворот.
Популацијата на бездомни животни е предвидлив, математички објаснив феномен -секое нестерилизирано животно создава експоненцијален раст на нови генерации. Затоа мерки како масовно стационирање, дислокации или еутаназија никаде не дале трајни резултати. Напротив, создаваат „вакуум ефект“ – испразнетиот простор повторно се пополнува ако изворот остане неконтролиран.
Клучно е и да разбереме дека не ни требаат повеќе стационари – ни треба систем што ќе ги празни, не што ќе ги полни! Отворање нови капацитети без да се запре приливот е како да отворате нови болници, а да не спречувате несреќи. Со секој нов објект без контрола на изворот, индиректно се праќа порака дека неодговорноста ќе биде „апсорбирана“ од системот.
Затоа инсистираме на итни системски мерки:
– измена на Законот за заштита и благосостојба на животните, согласно поднесените предлози
– масовна едукација за одговорно сопствеништво
– бесплатни и субвенционирани стерилизации, особено за ранливи категории
– активна инспекција на терен
– строги казни за напуштање и неконтролирано размножување
Без превенција нема решение. Само нови генерации фрлени на улица. Ако лицето е во социјален ризик , системот треба да помогне. Но ако некој свесно напушта, мора да одговара. Законот не смее да биде мртва буква. Општество што инвестира во превенција создава ред. Општество што плаќа само последици создава хроничен проблем.
Нема решение без систем а ни С од систем без одговорност. Линк до реакција.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top